Chrysler Airflow Concept

Stellantis за овогодинешниот саем CES во Лас Вегас подготви напреден електричен концепт автомобил Chrysler, Airflow, кој најверојатно подоцна ќе добие и сериска верзија…

Поточно, сериски модел базиран на него може да се очекува во 2025 година, со најава дека ова возило „ќе ја води трансформацијата на брендот кон чиста мобилност и беспрекорно поврзани искуства на клиентите“.

Исто така, од 2028 година секој нов Chrysler ќе има електричен погон.

За потсетување, во јули минатата година, Stellantis најави над 30 милијарди инвестиции во електрификација и софтвер до 2025 година со цел да се спроведе амбициозна трансформација.

Што се однесува до концептот Airflow, возилото ја користи платформата STLA Medium (така што опсегот е до 643 km), два електрични погонски модули со 150 kW / 204 КС, а има и погон на сите тркала.

Има и долго растојание помеѓу оските, широка трага на тркалата, низок центар на гравитација (што значи стабилнос на високо рамниште), тркала со големина од 22 инчи, Arctic White боја, Celestial Blue детали, контрастен покрив, осветлено лого на Chrysler, LED светла…

Во внатрешноста импресивен впечаток оставаат: дигиталните инструменти, голем централен екран, потоа екран пред совозачот, амбиентално осветлување, панорамскиот покрив, Автономен систем за возење што е категоризиран на Ниво 3 ….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС