Citroen Ami во поход на Велика Британија

Француското урбан Лилипутанец ќе си ја проба среќата на на пазарот во Велика Британија…

Веќе некое време се шпекулира дека Ami ќе им биде понудена на клиентите од другата страна на каналот Ла Манш.

Сега пристигнуваат официјални потврди дека Citroen ќе започне со увоз на овој електричен квад велосипед во Велика Британија.

Францускиот бренд во ентитетот Stellantis наведува дека почетната цена за Ami во Велика Британија ќе биде 7.695 британски фунти.

Можеби на почетокот изгледа скапо, но се истакнува дека е за цели 4.000 фунти поевтин од најевтиниот нов модел (Kia Picanto) кој се нуди во оваа островска земја.

Покрај патничката варијанта (која може да прими две лица), Citroen ќе понуди и комерцијална верзија која има волумен од 400 литри на товарен простор и е идеално возило за курирски услуги на достава во урбаните центри.

Ова издание е малку поскапо и чини 7.995 фунти.

Продажбата на францускиот Лилипутенец  ќе се одвива целосно онлајн. Досега, над 14.000 луѓе во Велика Британија изразиле интерес за Ами.

Во Citroen потврдија дека повеќе од 2.000 клиенти влегле во процес на финализирање на купувањето на ова возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По речиси две децении Audi нема да ги спонзорира „кралевите“ од Мадрид ги „истурка“ BMW

Новиот Cadillac Celestiq ќе биде поскап за 30% од Bentley Flying Spur

Тркачки Porsche

Најчувствителен лак имаат автомобилите со црвена боја

Електричниот Mercedes Vision EQXX со едно полнење поминал 1.202 km!

Во Volkswagen сметаат на „ќумур“ за да го заштитат производството

Почна склопување на поедноставни Lada Niva Legend и Lada Niva Travel

Tesla заборавен на постојката за полнење EV – сопственикот заминал на одмор!

VW Air дебитира утре- 27 јуни