Citroën Born Paris XV, 100 автомобилски икони за прослава на 100 роденден на брендот

Автомобилската марка од Франција ја прославува 100 годишнината од 14 до 16 јуни (наредниот викенд) во 15-от арондисман во Париз, токму таму каде што и се започнало, во за светото на автомобилската индустрија, далечната 1919 година…

Само аплаузи за француската автомобилска марка нејзината успешна приказна веќе со години се повторува и има интенции да продолжи и во годините што пристигаат.

Сега се станува уште по ексклузивни со нота на гламур и мора да кажеме сосема заслужено.

Дури 100 модели што прераснале во икони на четири тркала на оваа марка што светот на автомобилизмот го опсипа со иновации ќе бидат изложени на улицата Linois, средиштето на квартот во кој доминирала фабриката на марката Citroën Javel и тоа повеќе од пет децении.

Првиот Prvi Citroën, Tip A, е лансиран во јуни 1919 година во Париз.

За да го прослави роденденот,брендот создаде база во 15-от арондисман,каде што всушност и започна пред еден век оваа приказна.

Неколку метри од брегот на Сена, на местото на фабриката Javel, оваа улица во Париз ќе биде трансформирана преку ноќ и ќе ги изненади минувачите во раните утрински часови.

Ќе се протега во должина од 400 метри низ улица Linois, а 100 автомобили и комби возила што ја претставуваат 100 годишнината на марката ќе бидаат изложени на големо задоволство на сите посетители.

Моделите икони, дел од приватни колекции и дел од Конзерваториумот, повикуваат 100 години на храброст и иновации посветени на слободата на моментот и на авантурите.

Така на оваа изложба на улицата, под отворено небо ќе се најдат и:

– Четири концепт автомобили

– 74 модели икони на брендот и на автомобилската индустрија

-14 модели од мотор спортот  

– три модели што ја симболизираат автомобилската авантура

– Пет модели од актуелната гама на овој реномиран производител на автомобили од Франција

На тој начин марката ќе ја одбележи својата  100 годишнина изложувајќи модели што не само што го одбележаа првиот век на постоење на марката Citroën туки и автомобилската индустрија, автомобили што го илустрираат идентитетот на марката.

Citroën e популарна марка што им се допаѓа со децении на возачите пред се со својот храбар дизајн и удобност и комфор  без конкуренција посветени на мобилноста за сите.

Тоа е марка со единствена особеност најмногу собирана од колекционерите низ целиот свет.

Изложбата наречена Born Paris XV,  ќе се одржи во квартот чиј живот е одбележан со текот на 50 години на фабриката на Citroën.

Посетителите ќе имаат можност да појдат на патување низ времето вдолж  400 метри од оваа улица каде ќе откријат модели што ја одбележале автомобилската индустрија со едноставниот дизајн и пристапна удобност, од Type A до последните концепт автомобили, Ami One Concept  како и 19_19 Concept.

Нема сомневање, единствената изложба ќе ги воодушеви помладите генерации, но и ќе разбуди сентиментални сеќавања кај постарите  генерации.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аукција на реткиот егзотичен караван- Aston Martin DB5 Shooting Brake

Ford Ranger со сопствена икона за паметен телефон!

Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија 120 години на иконите на Opel

Полицијата во Лондон воведе дронови за лов на опасни возачи и улични тркачи

LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Ferrari Purosangue ќе биде посилен од Lambroghini Urus

Пред 120 години основана Италијанската фабриката за автомобили Торино

Bentley прославува 100-ти роденден!

Среќен роденден Fiat 500!