Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Citroen, во соработка со францускиот дизајнер Жан-Шарл де Кастелбајац (Jean-Charles de Castelbajac), подготви уште еден посебен модел од својата палета

Станува збор за најмалиот, градски модел С1, тука во специјалното издание JCC +.

За почеток, понудени се пет надворешни бои (Lipizzan White, Gallium Grey, Carlinite Grey, Caldera Black и Scarlet Red), сите комбинирани со контрастен црн покрив.

Постојат и Planet алуминиумски тркала  со големина од 15 инчи во црна боја, црвени ретровизори, жолти детали на C столбовите, мат црни фендер-рамки, монограм „JCC x chevrons“ на влезната вратач

Следат „JCC +“ иницијали на задната врата, затемнети прозорци, „JCC +“ лого на предните седишта, ознаки „ JCC x chevron на подниците, Scarlet Red предниот панел, белите површини околу отворите за вентилација и сјајни црни детали.

Дел од опремата вклучува автоматски клима уред, автоматско осветлување, електрично прилагодливи ретровизори со грејачи, возачкото седиште што може да се прилагоди и поа висина, 7-инчен екран на допир, Mirror Screen, Hill Start Assist и задна камера.

Citroen C1 JCC + е опремен со бензински VTi мотор, со три цилиндри, со 72 КС. Цената во Велика Британија изнесува 14.135 фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)

Најавен Audi Q4 Sportback e-tron concept