И редизајнираниот Citroen C3 Aircross ќе се нуди во специјална Rip Curl верзија…
C3 Aircross Rip Curl е подготвен во соработка со познат производител на спортска опрема, а возилото е првенствено наменето за помладите клиенти.
Неговите сини металик детали се во контраст со бојата на каросеријата и црниот покрив. Има избор од четири различни бои на каросеријата: „Steel Grey“, „Platinum Grey“, „Pearl Nera Black“ и „Polar White“.
Пакетот вклучува и 17-инчни алуминиумски тркала во „Origami Black“, затемнет заден прозор, бел логотип на долниот крај на задната врата, Grip Control и Hill Assist системи, ентериер во амбиентот наречен „Blue Jeans“, како и седишта со сино-сива спортска ткаенина, која често се користи за функционална облека..
Комбиниран е со „сафирно сина“ ткаенина со кожен ефект инспирирана од светот на водените спортови што го покрива горниот дел од наслонот на седиштето. Седиштата се украсени и со нови La Rochelle шевови во „Bright Blue“, а има и патосници со потпис „Rip Curl“ во бела боја.
Има избор од три мотори: PureTech 110 Stop&Start и PureTech 130 Stop&Start бензински мотори со EAT6 шест-брзински автоматски менувач и BlueHDi 110 Stop&Start.
Ова ограничено специјално издание ќе биде достапно кај дилерите од септември, но може да се нарача во Европа веќе сега по цена од 26.040 евра (во Германија).