Citroën C3 Aircross- Уште еден продажен хит на Французите!

Производителот на автомобили од Франција, Citroën, што годинава прославува 100 годишнина од своето постоење продолжува со жетва на успешни резултати и зголемување на продажбата а во тоа свој придонес има оригиналниот SUV кој полека но сигурно го гради имиџот на bestseller на марката…

По  само 20 месеци од претставувањето Citroën со компактниот  SUV модел C3 Aircross веќе успеал да ја надмине бројката од 200.000 продадени примероци.

Со тој одличен резултата тој crossover модел стана втор најпродаван модел на марката Citroën, но и трет најпродаван модел во овој сегмент на пазарот во Франција и шести најпродаван модел во сегментот на пазарите ширум Стариот континент.

Така  Citroën C3 Aircross игра голема улога во подемот на Citroën што во овој момент бележи најголем пораст на продажбата во 12 –та најпродавани автомобилски  марки во Европа.

Од почетокот на тековната 2019 година во Европа нарачките за овој модел бележат пораст од  16% во однос на првите пет месеци во минатата 2018 година.

На тој начин C3 Aircross се позиционира како второ најпродавано патничко возило на марката, веднаш зад bestseller моделот – популарниот C3.

Благодарение на неговиот оригинален, единствен и разигран дизајн и изразената модуларност, како и на дури 12 помошни системи во возењето, Citroën C3 Aircross Compact SUV исто така ја потврди својата привлечност и низ многу интересните податоци за продадените примероци.

Така ако се погледне продажбата, односно елементите за нејзината анализа ќе видиме дека:

60%  од нарачките се однесуваат за нај опремената верзија  (Shine)

30% од нарачките се со еден од четирите опции за ентериерите

25% од нарачките се однесуваат на верзиите со покрив во контраст боја и  20%  со Color Pack опрема  обоениот вметнат дело на шипките на покривот, потоа, со декорација на четвртина од панелите, рамките на надворешните огледала, како рамките на предните светлосни групи).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метанско гориво достапно и на бензинската станица Гевгелија

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Исполни ја твојата желба за нова Кia!

Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда