Citroen C3 Saint James Edition

Citroen и францускиот моден бренд Saint James создадоа специјално издание на урбаниот освојувач – градскиот модел C3….

Како основа на оваа специјална едиција е искористен C3 Shine, со наутички детали, пред се графики на покривот во форма на заштитни бои на Saint James (сина, бела и црвена).

Знаците на Saint James се наоѓаат и на предните врати и на задната врата (багажникот), додека покривот може да биде црн или бел.

Покрај тоа, во пакетот има и 16-инчни алуминиумски тркала, напредни комфорни седишта во сива и крем боја, како и црвени шевови и хромирани детали во ентериерот.

Како дел од стандардната опрена се и LED фарови, автоматско вклучување на  бришач и светла, заден паркинг сензор, 7,0-инчен информативно -забавен систем, систем за предупредување за напуштање на лентата на возење …

Во понуда е 1,2-литарски бензински мотор со три цилиндри, во верзии со 82КС и 118 Nm (во комбинација со пет степен систем на пренос на силата на предните тркала) и со моќност од 109КС и 205 Nm (во комбинација со шест-степен автоматски систем на трансмисија на силата).

Од Citroen не објавија точно колку примероци од моделот во изведба C3 Saint James Edition ќе бидат направени, но најавено е дека првите испораки ќе започнат на крајот на јули.

Цените во Велика Британија започнуваат од 16.755 британски фунти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замената за Chevrolet Camaro ќе биде електрична лимузина

Електричен Citroen DS

Bentley Bentayga со фелни од карбонки влакна

Убавицата и Peugeot  208

LA Renault 5 Turbo 3 рестомод- Експлозија на 400 „грла“ во класично руво

Lamborghini 63 луксузна јахта/глисер со 4000 KС и топ брзина 111км/ч

Купувачите на новата Toyota Land Cruiser од Јапонија не можат да ја препродаваат година дена

Тркачки Audi RS Q E-Tron најавен за Dakar Rally 2022

Alpha Superwolf