Citroen C5 Aircross Black Edition

На врвот на гамата на SUV моделот C5 Aircoss на Citroen на британскиот пазар сега е C5 изданието Aircross Black Edition, со префинет стил и побогата стандардна опрема …

C5 Aircross Black Edition е над верзиите со пакетите Shine и Shine Plus, а меѓу другото доаѓа со црн покрив, црни ретровизори, црни шини на покривот и 19-инчни алуминиумски фелни.

Опремата вклучува и LED фарови, сензори за паркирање напред и назад, задна камера, влез без клуч, панорамски покрив, електрично, отворање на задната врата, црни седишта Алкантара, 8,0-инчен екран на допир, Apple CarPlay & Android Auto, следење на слепи точки, систем за автоматско сопирање, помош на возачот на автопат …

Тука е и хибридниот погонски систем (мотор и електричен мотор PureTech 180, со автоматски менувач), како и полнач од 7,4kW, додека автономијата во електричен режим е до 54 километри.

C5 Aircross Black Edition во Велика Британија веќе може да се нарача, по цена од 36.850 фунти (првата испорака започнува следниот месец).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов Lexus LX

Подновување на Ford Focus!

Нов BMW Series 7 и електричната верзија i7

Ford Tourneo Connect

Подновена Подновена KIA Forte

Најнови слики Škoda Slavia

Zero Motorcycle

Новата ŠKODA KODIAQ SUV ве „плени“ за една минута!

Новиот Audi A4 пристига 2023 ги задржува бензинците и дизелите