Citroen C5 Aircross C-Series

По специјалното издание на C-Series едицијата на моделите C3 Aircross и C4 Cactus, палетата Citroen е надополнета со C5 Aircross C-Series…

Повторно, станува збор за возило со уникатни стилски детали и со побогата стандардна опрема.

Меѓу другото, тука е и Anodized Deep Red пакетот со црвени акценти, ознаки C-Series, алуминиумски тркала во два тона на бои и затемнето стакло.

Покрај пакетот Anodized Deep Red, ќе бидат достапни и пакетите Anodized Silver, Anodized White и Anodized Blue.

Во понуда се и овие бои на каросеријата: Polar White, Pearl White, Steel Grey, Platinum Grey  и Perla Nera Black, како и комбинации со два тона на бои (Perla Negra Black – црн покрив со други бои на каросеријата).

Внатрешноста има сатенски хромирани рамки на отворите за вентилацијата, контрастни шевови, црвени детали, ознаки C-Series , Advanced Comfort  седишта и црни прекривки на подот со црвени детали.

Како дел од стандардната опрема се: адаптивна контрола на крстосување (темпомат), систем за препознавање сообраќајни знаци, задна камера, Citroen Connect Nav, Entry & Keyless Entry …

C5 Aircross C-Series моделите ќе бидат достапни за нарачка од 1 јуни, во комбинација со сите достапни опции за погон на моторот од опсегот на C5 Aircross, вклучително и plug-in hybrid погон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Nivus денес имаше глобална премиера

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL