Citroen и Автонова го претставија привлечниот С4Х на македонските клиенти!

Aвтонова, од Скопје, увозникот на Citroën за Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора го промовира на претставниците на медиумите новиот С4Х автомобил што ексклузивната појава, досега наменета за тие со длабок џеб, ја демократизира за широкиот круг потенцијални купувачи…

Францускиот производител на автомобили низ историјата е познат по својата авабгардност и иновативност што во светот на автомобилите донесе бројни прекрсни креации на четири тркала, а таа традиција продолжува и со последниот новитет на Citroen што пристигна во нашата земја.

Станува збор за еден потполно нов пристап во понудата на француската марка со двоен шеврон во своето лого што едноставно ги освои купувачите ширум светот, а според покажаниот интерес за автомобилот што до овој момент практично  и да немаше промотивни дејствија, го плени  и домашниот потенцијален клиент.

 

Имено најновата креација на Французите Citroen C 4X плени со атрактивната појава на дизајнерски израз во стил на crossover/ coupe и седан, нешто што беше незамисливо за понудата во овој сегмент и што можеше да се најде кај премиум марките како Mercedes – Benz, или BMW.

Tокму така. неговата појава донесе „свеж здив“ во компактната класа ма mainstream производителите и понуди нешто што може да им ја загрози комотната позиција на crossover изданијата во C сегментот.

Новиот С4Х не е ниту hatchback ниту crossover, ниту обичен микс на овие каросериски изведби, туку повеќе од тоа но обликот на каросеријата, понудената просторност и удобност.

Токму така, покрај не спорната надворешна привлечна атлетска силуета тој нуди пространост и комфор за пример.

Едноставно сега клиентите ќе можат да добијат атрактивен дизајн, пространост и комфор, надополнето со функционалност и практичност и сето тоа по пристапна цена.

Да почнеме со појавата што освојува веќе при прва средба. Однапред, „муцката“ е препознатлива, таа на Citroen, каде доминира двојниот шеврон на маската.

Одзади се е според шнитот на модерните трендови каде миксот на coupe/ crossover, со limousine линиите креираат фасцинантен микс, каде освен простор во кабината, имате впечатлив багажник ( капацитет од 510 литри во основа) со повишена положба на седење.

Кај нас во понуда се веќе добро познатите мотори на групацијата Stellantis. Изборот го сочинуваат проверените бензински Pure Tech, со две изведби на моќ од 100 и 130 КС, и Blue HDi дизелот од 130 КС.

Тие ја задоволуваат нормата Еуро 6.4, имаат со шест степен мануелен менувач, а како опција во понуда е автоматска трансмисија со осум степени на пренос на силата.

На крајот, но никако помалку важно е неговата пристапност, односно добро одмерената прифатлива цена која започнува од 22.390 евра за изведбата со 1,2 литарски бензинец со 100 КС, што мора да се признае за ваков автомобил е примамлива понуда .

Како промотивна понуда луѓето од Автонова со цел да го направат уште подостапен новитетот на шеврон за за истата сума нуди за пет илјади евра поскапата Feel Pack верзија.

Во врвот на понудата на Citroen С4Х на нашиот пазар е изведбата со ниво на опременост Shine Pack што се нуди по цена ос 32.490 евра за што купувачот добива автомобил опремен со дизел мотор со автоматски менувач и со највисокото – топ ниво на опрема.

Веруваме дека новината ќе биде собро прифатена на нашиот пазар, особено ако се знае дека Citroen во своите модели нуди топ комфор во возењето, што веруваме наскоро и лично ќе го потврдиме

За повеќе информации обратете се во изложбено -продажниот и сервисен центар на Автонова, во Скопје или пребарајте на сајтот

www.citroen.com.mk

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Chevrolet Aveo

Подновен Nio EC6

Светска премиера: Нов Renault Espace: Иста DNK, нова генерација

Електричен MINI Cooper SE Cabrio

Подновениот Volkswagen Touareg пристигнува во мај годинава

И официјално Ford Explorer EV

Нов Subaru Crosstrek

2023 Alfa Romeo Giulia & Stelvio

Radical SR10 XXR