Citroën  Jumpy: прв модел подготвен за електрификација

Верниот носител на потписот „Inspired by Pro”, робустен и со голем товарен капацитет  , Citroën Jumpy, е претставен 2016 година и од тогаш е продаден во повеќе од 135.000 примероци…

Станува збор за лесно комерцијално возило на познатата француска марка со мод за работа Ë-Comfort.

Идејата водилка е да им понуди на службите за дотур конкретни мобилни решенија во градски, но и во рурални средини –  благодарение на досегот што на возачите им овозможува „покривање“ на речиси целиот терен.

Citroën наредната 2020 година ќе ја надополни својата понуда на целосно електрични изведби на компактниот фургон.

Без компромис кога станува збор за перформансите, целосно електричниот Jumpy е создаден за купувачи кои бараат удобност и безбедност зад управувачот, а на сопствениците на компаниите им овозможува пресврт во работењето што едновремено ќе им го подобрат имиџот и ќе дадат придонес во еколошкото зачувување на животната средина.

Електричната верзија на моделот Jumpy се базира врз платформата EMP2 на Групата PSA што овозможува вградување на мотори со внатрешно согорување или електрични мотори и ќе биде достапна со две ниво на автономија за поголема удобност и безгрижност на деловните клиенти.

Безгрижност во поглед на автономијата значи дека истата ќе ги исполнува сите дневни потреби на доставувачите:

200 km според податоците на постапката на тестирање WLTP за батерии со моќ  од 50 kWh

300 km според податоците на постапката на тестирање WLTP за батерии со моќ  од 75 kWh

Удобност: без вибрации или/ и бучава, совршено мазно и тивко возење:

– Возните карактеристики во електричниот начин на експлоатација со моментална испорака на моментот на вртење, без потреба за менување („шалтање“) на брзините;

– Безгрижност во однос на пристап до товарниот простор, слободно движење во зоните каде е забрането возење за возилата со конвенционални погонски агрегати благодарение на ниската емисија на CO2, со цел службите за дотур да можат што е можно поблиску да се доближат до своите корисници;

– Капацитетот на товарање е сличен на капацитетот што го имаат и изведбите што се опремени со конвенционалните агрегати на внатрешно согорување (бензин/ дизел/ гас);

– И не помалку важно за сопствениците на компаниите – намалување на трошоците на експлоатацијата.

Со претставувањето на новиот модел Jumpy -2020 година, во Citroën имаат за цел да постават нови критериуми (стандарди и мерила) во сегментот на електричните компактни комбе изведби.

Со тоа француската марка уште еднаш потврдува дека е помеѓу лидерите во секторот на лесните комерцијални возила

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои автомобили најчесто се расипуваат, дизел, бензински, хибридни, plug-in хибриди

Совет : По долгото возење со високо оптоварување не гаснете го веднаш моторот!

Ако еден автомобил го користат повеќе возачи задолжително дезинфицирајте го!

Volkswagen исплатил поголем дел од спогодби за отштета во „дизелгејт” скандалот во Германија

Tesla повторно пред проблеми сега поради големиот централен екран во модел Ѕ

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Совет: Ако се запали сијалицата за АВЅ – итно на сервис!

Совети : Ако откаже акумулаторот пред да купите нов проверете три работи

Совет –Автомобилот долго стои, еве како да ги сочувате гумите во оптимална состојба