Citroën ќе го прослави 100-от роденден со единствена изложба!

На почетокот на идниот месец на Paris Expo Porte de Versailles ќе се одржи средба на љубителите на автомобили Rétromobile 2019, a на истата, Citroën ќе настапи со дури 30 модели!

Поточно, за прославата на својот 100-ти роденден, Citroën ќе има единствен штанд на оваа изложба на класици, концепти и спортски модели, каде што ќе ги претстави своите 30  икони во светот на автомобилите.

Тие 30 автомобили ќе бидат распоредени во три зони: сериски модели, концепт модели и тркачки модели.

Поконкретно речено, посетителите во поставката оформена во три делаќе може да уживаат во прекрасните креации, и тоа во:

10 сериски автомобили / 100 госини на автомобилите икони во служба на удобноста: Tip A 10 HP, C3 5 HP, Traction Avant, Tip H, 2 CV, DS 21 Pallas, Méhari, CX 25 Prestige, C6, како и новиот SUV -C5 Aircross.

10 концептуални автомобили  /100 години на извонреден дух: C10, Camargue, Karin, Activa 1, Xanae, Osmose, C-Métisse, GTbyCitroën, Tubik, CXPERIENCE1

10 тркачки автомобили /100 години на спортски постигнувања без конкуренција: Scarabée d’Or, Petite Rosalie, DS 21 од рели натпреварот Mоrocco 1969, SM од релито Morocco 1971, 2 CV Raid Afrique, ZX Rallye Raid, Xsara Kit Car, C4 WRC, C-Elysée WTCC, C3 WRC

Специјално за таа пригода ќе биде објавен и посебен каталог со карактеристиките, како и со историјата на изложените  30-ет автомобили.

Притоа, заинтересираните, каталогот на француски јазик може да го преземете на:

https://media.citroen.fr/file/21/4/centenaire_fr.308214.pdf?_ga=2.19830143.693696467.1548318115-730768094.1532004013

Додека за импресивната 3D посета, на штандот на Французите кликнете на :

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претстави модерниот Baja Boot на Scuderia Cameron Glickenhaus

Претставен Bugatti Centodieci- во спомен на легендарниот EB110

Alfa Romeo 4C Competizione limited edition за повторно вљубување!

Fiat развива SUV што ќе се произведува во Крагуевац!

BMW M8 MotoGP Safety Car

Концернот „Калашњиков“ со нов автомобил за carshearing!

Произведен 10 милионити Mini

Bentley со Mulliner го реинкарнира уникатниот Corniche !

Pininfarina  планира електрична лимузина и СУВ