Citroen постигна исклучителен успех во Европа!

Citroën во првиот квартал од тековната 2019 година постигна исклучителен успех ширум пазарите во Европа, во однос на регистрирани патнички и лесни комерцијални возила…

Од 12-те најголеми автомобилски брендови на европскиот пазар, Citroën е марка која од почетокот на годината забележа најголем раст.

За патнички возила, Citroën е дури и единствената марка во Топ 12-те која воопшто бележи пораст и тоа за 5,8%, на пазар кој бележи пад од -3,2%.

Во неколку земји Citroën забележа двоцифрен пораст во продажбата на патнички возила во првиот квартал, и тоа:

– во Франција (најголемиот пазар на Citroën во Европа): + 10,3%

во Обединетото Кралство (четвртиот пазар по големина): + 16,8%

во Данска (седмиот пазар по големина): + 26,8%

во Португалија (осмиот пазар по големина): + 15,4%

Со ова Citroën доби 0,3 поени во пазарниот удел на патнички и лесни комерцијални возила споредено со првиот квартал од 2018 година.

Пазарниот удел на патнички и лесни комерцијални возила на Citroën дури и се зголеми за +0,6 поени во Франција, со што достигна 11,8%, +0,6 поени во Шпанија достигнувајќи 7,4% (третиот пазар по големина) и + 0,3 поени во Италија достигнувајќи до 5,3% (втор пазар по големина).

Овој резултат му овозможи на Citroën да добие повисоко место во рангирањето помеѓу брендовите (7. наспроти 8. во првиот квартал од 2018).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Во план спортски урбан Volkswagen crossover

Volvo ќе ја проширува SUV понудата

Ford и Ми-Да Гранд Моторс во нов импортерски, продажнен и сервисен центар

Новиот  Citroen C5 Aircross SUV: Веќе  продаден во над 50,000 примероци!

Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Исполни ја твојата желба за нова Кia!

Новата Mazdat 3 co Red Dot Best of The Best награда

Добитници во четвртото редовно и второ мастер коло „Со Верна полни и секогаш добиј“