Citroën штотуку го претстави новиот C4 и Ë-C4, атрактивниот crossover доаѓа во целосно електрична и во бензинска и дизел верзија

По за модерните автомобили долги 10 години Citroën ја претстави новата, трета генерација на  моделот C4, ние имавме можност директно преку линк да го проследиме ова долго најавувано и со нетрпение очекувано претставувањ и од истото да ве брифираме од прва рака…

По офанзивата во SUV сегментот, обележана со успешно лансирање на SUV C3 Aircross и SUV C5 Aircross (300.000 и 200.000 возила продадени од нивното лансирање на крајот на 2017 година), Citroën сака да ги следи трендовите со новиот модел C4.

Затоа новиот модел на третата генерација C4 порасна и стана атрактивен crossover.

Новиот ë-C4 -100% електричен и новиот C4 е нов концепт во срцето на сегментот, со уникатен и силен идентитет.

Зголемена и акцентирана, силуетата успешно комбинира елеганција и динамичност, притоа преземајќи некои од карактеристиките на SUV за уште поголема моќност и карактер на возилото.

Аеродинамичeн и флуиден, ги презема главните идентитетски знаци на марката Citroën, притоа го донесува и новиот изглед на дизајнот на марката. Неговиот топол и високо-технолошки ентериер веднаш изразува комфор, комоција, практичност и над се модерност.

Предниот дел содржи впечатливи и карактеристични за производителот дводелни-светла (LED ленти на горниот дел и LED кратки и долги светла долу), а интересно е  како урнекот во форма на буквата X е преземена од концептните модели.

Страничната, coupе линија дополнително ќе ги привлече погледите на љубопитните минувачи, особено ако од богатата палета на бои се избираат Elixir Red или  Caramel Brown бојата.

Задниот дел е особено впечатлив, а се радуваме и на правите екстензии (продолженија) на издувните цевки.

Внатре, новиот C4 е слободен да ја носи титулата најсофистициран модел на овој производител со; виртуелен кокпит пред возачот и 10-инчен екран на допир со кој може да се управува со речиси сите функции.

Французите сфатија колку е погрешно да се стават контролите за климатизацијата во информативно забавниот систем, така што C4 може да се пофали со класични прекинувачи за контрола на температурата, што секако го поздравуваме.

Багажникот во основа располага со капацитет од 380 литри, што е просек на компактната класа.

Advanced Comfort седишта исто така ќе ги воодушеват возачите, а кога сето ова е споено со суспензија која има хидраулични граничници, C4 повторно ќе биде на врвот на класата за удобност, додека квалитетот на материјалот ќе биде на повисоко ниво од неговиот веќе застарен претходник.

Кога станува збор за моторизација, C4 воопшто не разочара, туку спротивно на тоа.

На стартот на продажбата ќе се нуди со бензински мотори Puretech со моќ од 100 КС до 155 КС и дизел BlueHDi со мотори моќни 110 КС и 130 КС.

Но, најголемата интересна секако предизвикува целосно електричната верзија, која нуди електричен мотор со моќност од 136 КС и 250 Nm достапен веднаш, и батерија со капацитет од 50 kWh.

Со едно полнење, можно е да се патува дури 350 км, а ќе понуди три режими на возење.

Новиот C4 ќе пристигне на пазарот до крајот на оваа 2020 година, а цените ќе бидат објавени дополнително.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)