Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Годинава Citroen слави 100- годишнина и по повод на значајниот јубилеј подготвил и неколку концепт возила…

Првиот концепт премиера имаше на почеток на март тековната 2019 година на салонот за автомобили во Женева – Ami One concept, градско возило со електричен погон што ја покажува визијата на  Citroenза урбаната мобилност, а денес промоција има уште една студија.

Станува збор за Citroen 19_19 Concept (што на пошироката јавност ќе и биде презентиран на манифестацијата VivaTech во Париз -ултра комфорна и потполно електрична студија со погон на сите четири тркала.

Од Citroen најавуваат дека новиот концепт на патниците ќе им овозможи единствено возачко искуство, при што се спомнува и системот за автономно возење, Personalni asistent  и вештачка интелигенција.

Покрај тоа на оваа студија доминираат и огромните тркала од 30-инча (обуени во пневматици 255/30 R30), потоа тука е и така наречената врата за самоубиство, како и full LED светла, нов систем за потпирање со прогресивни хдраулични перничиња, како и минималистичка, но модерна внатрешност инспирирана од дневна соба!.

Тука ќе ги спомнеме и индивидуалните седишта, напреден head-up дисплеј ,како и податокот дека управувачот и педалите се вовлекуваат кога се активира автономниот режим за возење.

Исто така, овој концепт го краси и модифицирано лого на  Citroen, инспирирано од решенијата од периодот кога започнува животот на оваа марка.

Кога пак говориме за димензиите, Citroen 19_19 Concept e долг 4655 mm, широк  2240 mm, висок 1600 mm и има растојание помеѓу оските од 3.100 mm.

За погон се задолжени два електромотора со вкупна моќност од  340 kW/462KS у 800 Nm, вртежен момент.

Тоа е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за само пет секунди, а максималната брзина изнесува 200 km/h.

Автономијата на возење со едно полнење на батериите со моќност (капацитет) од  100 kWh изнесува 800 km, при што се истакнува дека на брз полнач истата се полни за само 20 минути, за дополнителна автономија од плус 600 km.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS

Chevrolet Corvette C8 2020, на стартот како coupe – cabrio