Citroën зачекори во електрификација на лесните комерцијални возила

За да го засили успехот, Citroën од 2018 година ја применува стратегијата „Inspired by Pro” со која на професионалните купувачи им нуди возила по мерка на нивните барања и потреби -новиот  Berlingo за дотур, Jumpy, гама на моделите Jumper…

Од Citroën, веќе е јасно подготвуваат голема електрична офанзива со која сака да ја електрифицира севкупната понуда на своите возила и тоа веќе до средината на идната деценија – до 2025 година.

Офанзивата во многу ќе придонесе кон растот на марката и поеднаков ќе ги опфати стопанските и приватните (лични) возила.

Следниот чекор е претставување на целосно електричната верзија на моделот Jumpy, што се очекува веќе во текот на наредната 2020 година.

Тој модел ќе се истакне со иновациски решенија на PSA групацијата во полето на електричната мобилност, a во 2021 година нему ќе му се придружи и целосно електричната изведба на возилото за дотур Citroën Berlingo.

Марката Citroën веќе целосно се докажа како лидер на пазарот на лесни комерцијални возила. Поради тоа сто годишнината од постоењето на брендот е пригода да се потенцираат необичните каросерии со кои Citroën ја одбележа автомобилската историја, какви што се 2 CV фургон, Type H, C15 или  Berlingo. Во моментов Citroën e шести по големина производител на автомобили на Стариот континент, со пазарно учество од 9,2 %.

Таквиот успех, пред се го должи на своите храбри модели, од возилото за дотур Berlingо до моделите Jumper и Jumpy, што со својата практичност и не надмината удобност (во сегментот)се издвојуваат од масата на такви возила. Инспирирана е од вистинските потреби и со понуда на бројни варијации на прилагодување по мерка на деловните клиенти.

Вдахновена со нов начин на употреба и со желба да допринесе кон енергетската транзиција, Citroën се одлучил на електрификација на целата своја гама на лесни комерцијални возила.

На најважните пазари веќе се претставени електричниот Berlingo а најавено е претставувањето и на електричната верзија на моделот Jumper (почетокот на наредната  2020 година).

Сега Citroën сака да ја прошири гамата на електрични возила за деловните купувачи (мало сопствениците и малите фирми, јавни служби, поединци – занаетчии) со претставување на гама на целосно електрични компактни комби возила до 2021 година.

Понудата ќе биде прилагодена кон деловните купувачи и ќе нуди врвна удобност, контролирани трошоци на користење, слободно движење низ градските централни подрачја, можност за последната фаза на дотур, a покрај сето тоа целата активност ќе биде проследена и со развој на e- трговија.

Во наредните две години Citroën ќе се ползува со стручноста на PSA групацијата за да ја електрифицира понудата на своите возила и за да го претстави својот целосно електричен Jumpy веќе наредната 2020 година, какои и целосно електричниот Berlingo за дотур, веќе до o 2021 година.

По ова е јасно дека електрификацијата ќе ги зафати и лесните комерцијални возила и патничките возила.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda глобално повлекува над еден милион возила!

Неизвесна судбината на Mitsubishi  на европскиот пазар

VW инвестира две милијарди евра во EV

Салонот за автомобили во Женева можеби засекогаш замина во историјата!

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира