ClearMotion суспензија готова за сериско производство и револуција на патеките

Компанијата ClearMotion од Бостон која разви проактивна „дигитална“ суспензија за автомобилите и објави дека има почетни инвестиции за сериско производство

Toa што до неодамна беше фантазија или дел од научно фантастичната литератури и филмска уметност со напредната технологијата полна иновации ќе им овозможи на автомобили буквално да ја забележат нерамномерноста на патот.

 

Развојот на ClearMotion е контролна единица со хидраулични вентили и компактна пумпа во амортизерите на автомобилот, што со командата Activate од „мозокот“ на системот, ги подготвува амортизерите за нерамнини на патот, и го поткренува тркалото, ако има издигнување или го отпушта, ако има дупка.

Компанијата тврди дека оваа технологија -ClearMotion користи оригинален метод за собирање податоциго и го прави патувањето далеку поудобно од постоечката технологија на суспензијата.

Така ако проактивната суспензија на Mercedeѕ-Benz,  се потпира на радар и скенери во предниот дел на возилото, тогаш технологијата на Американците црпи информации од „облак“, во кој се наоѓаат тридимензионалнтеи мапи на патишта.

Масивни податоци и специјално развиени алгоритми се користат за обработка на овој широк спектар на информации.

Компанијата во Бостон веќе го има потребниот капацитет за сериско производство на Activalve модулите а интерес за истите има кај многу големи кармејкери иако средствата за развој и изработка на системот се обезбедени без нивно учество.

Во Компанијата планираат сериско производство на модулите веќе оваа година, а Шекил Авадхани, основачот на ClearMotion потенцира дека новата технологија ќе биде многу корисна кај автономните автомобили, бидејќи кај нив барањата за удобност ќе бидат многу високи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Идниот месец во Женева Subaru  со први електрифицирани модели за Европа

Ford подготвува Hybrid Mustang со погон на сите четири тркала!?

Mercedes-Benz дополнителна опрема ќе вградува и со апликација, далечински!

Hyundai со иновација- повеќфункционално перниче од иднината!

Toyota и Panasonic ги здружија силите за производство на батерии за EV

Bose со решение за анулирање на бучава во автомобилите

Byton M-Byte електричен SUV со дигитална табла

Tesla започна со изградба на фабрика во Шангај

Nissan разви мотор од три цилиндри со 400 КЅ и 380 Nm!