Forge Design, дизајнерско студио со седиште во Лондон, го најавува проектот за рестомод на Ferrari 250 GT SWB од 1959 година.
Наречен е „Competizione Ventidue“, а засега моделот е претставен во форма на дигитален концепт.
Каросеријата е базирана на тркачката верзија „SEFAC hot rod“ на Ferrari 250 GT SWB која ја освои својата класа на Ле Ман (Le Mans) во 1961 година.
Имаше алуминиумски панели, но во оваа верзија Competizione Ventidue беше ре-интерпретирана со користење на композитни материјали.
Посебните точки вклучуваат пошироки лакови на тркалата, браници со отвори за воздух слични на моделите дизајнирани од Scaglietti, како и модерна технологија за светлосните единици.
Мерките за заштеда на тежина вклучуваат задно стакло од поликарбонат, кожни ремени и единечен ретровизор.
Шасијата е направена од алуминиум и јаглеродни влакна со целосно независна суспензија и AP Racing сопирачки зад магнезиумски тркала во стилот на Ferrari Campagnolo.
Под хаубата е инсталиран изменет бензински мотор со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V.
Целата тежина на оваа прекрасна спортска креација на четири тркала е под 165 килограми.