Continental се закити со титулата производител на пневматици на годината

Continental ја доби наградата за производител на гуми на годината од Tire Technology International (TTI).

Наградите за иновации TTI се сметаат за најважни награди во индустријата и оддаваат почит на најновите случувања и напредок во технологијата на гумите ширум светот.

Критериумите за избор оваа година повторно се фокусираа на технолошките иновации кои дополнително ја подобруваат безбедноста и одржливоста на производите, а наградите ги додели меѓународно жири од над 20 новинари и водечки експерти во индустријата за гуми.

Осврнувајќи се на победникот, главниот уредник на магазинот TTI, Мет Рос (Mat Ros), рече: „Традиционално, има многу тесна борба во категоријата „Производител на гуми на годината“. Вистинско задоволство е што Continental победи по трет пат, особено на домашен терен. Жирито беше импресионирано од бројот на достигнувања на оваа компанија во текот на изминатата година, вклучително и ContiRe.Tex, втората генерација на гуми Extreme E, широк спектар на истражувачки соработки и гумата Conti GreenConcept, да наведеме неколку.

Continental повеќе од заслужено ја освои награда за својата посветеност на иновациите и одржливоста“.

Бернд Корте (Bernd Korte), потпретседател на платформата за развој и индустријализација во Continental Pneumatics, ја прими наградата во име на компанијата.

„Исклучителна чест ни е што сме добитници на овогодинешната награда „Производител на гуми на годината“. Тоа не мотивира да продолжиме по патот што го избравме, а тоа е континуирано инвестирање во развојот на пневматиците и давање значаен придонес за безбедна, економична и еколошка мобилност“, изјави Корте.

Во 2022 година, Continental ја освои престижната награда за производител на гуми на годината по трет пат во осум години, покажувајќи посебна посветеност на водечките технолошки иновации на пазарот фокусирани на безбедноста и одржливоста. Како производител на премиум гуми, неодамна ја потврдивме нашата сила на иновативност со воведување на технологијата ContiRe.Tex. Специјално развиената технологија за поголема одржливост е доведена до статус на подготвеност за производство за само неколку месеци.

Тоа ни овозможува целосно да го замениме вообичаеното полиестерско предиво во телото на гумата со рециклирано предиво добиено од рециклирани PЕТ шишиња.

Технологијата е многу поефикасна од вообичаените начини на обработка на PЕТ шишиња за да се добие полиестерско предиво со високи перформанси. Шишињата што се користат за оваа технологија доаѓаат исклучиво од региони кои немаат затворен круг за рециклирање.

Со технологијата ContiRe.Tex, Continental дојде чекор поблиску до целта да стане најнапредниот производител на гуми кога станува збор за општествената и еколошката одговорност.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се продава редок Lamborghini Jarama

Suzuki Grand Vitara во новата генерација пристига како crossover

Најавена ŠKODA VISION 7S

MINI Cooper SE Cabrio

По 40 години оживеа модел на Iseta вози!

ZF EasyTurn за неверојатни вртења

GMC Sierra AT4X моќниот „теренец“ подготвен да се појави и на најтешки патеки

BMW M3 Touring Performance Parts

Автономните возила наскоро и на европските патишта