Corvette Z06 70th Anniversary Edition како Pace Car на овогодинешниот Индијанaполис 500

Chevrolet објави дека Corvette Z06 70th Anniversary Edition ќе биде Pace Car на легендарното 106-то издание на трката во Индијанаполис 500 во недела, на 29 мај во Indianapolis Motor Speedway.

Овој службен автомобил ќе го вози поранешната возачка и сопственичка на тимот од INDYCAR SERIES, Сара Фишер (Sarah Fisher), која сè уште е најбрзата жена во историјата на Индијанаполис 500.

Сара Фишер од Охајо учествуваше во „најголемиот тркачки спектакл“ девет пати помеѓу 2000 и 2010 година, што е рекорд за женски возачи.

Нејзината најбрза брзина на квалификациите во четири круга од 367,1 km/h (229,439 mph) во 2002 година, исто така, останува рекорд на оваа трка за жени возачи, според светските агенции.

Corvette Z06 (за 2023 година) е придвижуван од целосно новиот 5,5-литарски LT6 мотор со 670 КС, како и верзијата за возење по јавни патишта, што го прави овој атмосферски V8 најмоќниот досега во кој било сериски автомобил.

Овогодинешниот Pace Car е опремен со пакетот Z07 Performance, кој располага со задно крило од јаглеродни влакна, аеродинамични „Ground“ ефекти, карбон-керамички сопирачки и уште многу што, за максимални перформанси на патеката.

Има калибрација Magnetic Ride Control 4.0, тркала од јаглеродни влакна со гуми Michelin Sport Cup 2 R ZP.

 

Посветен на 70-годишната историја на Corvette, моделот Pace Car Z06 за 70-годишнината е во посебна бела боја со три слоја металик бела боја.

Уникатни за овој пакет на серискиот автомобил и Pace Car се ознаките на 70th Anniversary Edition, вклучувајќи специјални црно-бели целни знамиња на Corvette, Edge Red сопирачки клешти и логото на 70th Anniversary Edition на седиштата, воланот и праговите.

Chevroletov Performance Design Studio создаде пакет од асиметрични ленти специјално за Pace Car што црпи инспирација од етикетата за 70th Anniversary Edition на вратите на Z06.

„Тимот на Chevrolet е горд што го вози Индијанаполис 500 по 33-ти пат, додека ја слави 70-годишнината од Corvette“, рече Стив Мајорос (Steve Majoros), потпретседател на маркетингот на Chevrolet.

„Подготвен само за Индијанаполис 500, тоа ќе биде првата трка во која Corvette Z06 ќе вози во 2023 година, тоа е навистина посебен момент за љубителите на Corvette и INDYCAR ширум светот.

Chevrolet и Corvette го предводеле стартниот „грид“ повеќе од кој било друг производител на автомобили.

Трката во 2022 година е 33-ти пат за Chevrolet од 1948 година и 19-ти пат од 1978 година за омилениот американски спортски автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По кинеската и полицијата во Берлин со право во грижа поради Tesla камерите

JAGUAR  – Преминува од 3- годишна на 5- годишна гаранција

Шефот на Tesla: Финализиран дизајнот на серискиот Cybertruck

Наскоро обновен DS Crossback

Отповик за 61,000 возила на BMW

И за Американците бензинот станува прескап – Њујорк укинува дел од данок на фосилно гориво

Марко Блажевски освои подиум на Twingo EUROCUP 2022 на реномираната патека  RED BULL RING

Twingo Cup викендов се вози во Австрија

Tesla ги запре нарачките од Европа и Кина за pick up моделот Cybertruck