Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Citroen заслужува третман на пионер во развојот на кинескиот пазар бидејќи почнал со испораки на склопени автомобили во 1984 година, а со локално производство започна во 1992 година..

Врв на продажните на резултатите во Кина, компанијата бележи во 2014 година, кога 320 илјади автомобили Citroen биле испорачани. Сепак, за време на претходните лета, компанијата ја изгуби динамиката на пазарот, а побарувачката во минатата година падна на помалку од 50 илјади единици.

Дури имаше гласини дека групата РЅА може да се повлече од Народна Република Кина, но тоа не се случи. Компанијата започна да се подготвува за реализација на новиот развоен план.

Во следните три години Citroen ќе претстави 14 локални модели, додека челниците на брендот објавија дека целта е продажба од 400.000 испораки годишно, до 2025. Сега имаме деби, односно премиера на првиот модел на бранот на најавени дебија.

Cross- sedan моделот Citroen C3L е замислен како привлечна алтернатива за купувачите со поскромни финансиски можности, тие кои живеат во пооддалечени и неразвиени кинески провинции, а неговото потекло е малку чудно.

Имено, нашите клиенти ќе ја паметат премиерата во 2012 година на достапниот седан Citroen C-Elysee на пазарите во регионот, па ии нашиот. Таа лимузина се произведуваше во погоните на францускиот бренд во Шпанија.

Заедничката кинско – француса компанија Dongfeng PSA реши да ги активира технички скици на ова возило фиоките полни со прав, а потоа малку да ја рафинира, а во 2014 година да го претстави првиот cross-hatchback Citroen C3-XR, а сега и sedan со пет врати. со малку покачена положба за седење. Овој модел го доби суфиксот C3L.

Целата трансформација од cross-hatchback во cross-sedan беше извршена со многу малку „хируршки“зафати. Не е идентична само „муцката” на близнаците, туку иста е дури и задната врата! Иако панелот на покривот каросеријата не е иста кај cross sedan изведбата, Citroen C3L може да се пофали со истото меѓуоскино растојание како и седанот C-Elysee (2.655 милиметри). Покрај тоа, тој е подолг (4,505 наспроти 4,427 мм), па дури и повисок (1.513 наспроти 1.476 мм).

Ширината на двата sedan модели (конвенционалниот и со cross става) е еднаква – 1.748 мм.

Пластичните заштити околу каросеријата не се, кој знае каква, но барем до одреден степен, се заштитени од контакт со грмушки и други атрибути на негостопримлив, затоа што клиренсот не е зголемен, односно, останал на релативно скромно ниво од 147 мм.

Внатрешноста на cross верзиите на hatchback и sеdan, моделите C3-XR и C3L, е идентична. Опремата вклучува клима уред, панорамски стаклен подвижен покрив, мултимедијален систем чии поставки се следат преку екран кој има дијагонално растојание од девет инчи. Исто така, постои и камера која овозможува полесно движење „во рикверц “.

Во вториот ред, патниците нема особено да уживаат. Нема инсталирани отвори за вентилација, ниту пак постои централно лоциран потпирач за рака меѓу двете лица сместени назад. Недостасува и централно поставениот потпирач за глава на патникот во средина.

Од друга страна, се чини дека производителот се обидел да ги надомести сите овие недостатоци со сензационалнио баганик што нуди простор за складирање на товар со волумен од 627 литри!

Дизајнерот направи обид да ги разликува двете лимузини (конвенционалната и таа со повисока позиција за седење) што е можно повеќе. Така, постариот седан Citroen C-Elysee, во Кина се нуди само во верзијата што ја напојува атмосферски бензинец си работен волумен од 1,6 литри. Развива 117 КС и работи во пар со рачен или автоматски менувач.

Спротивно на тоа, новиот Citroen C3L користи посовремен турбо мотор, со  три цилиндри,  со 1200 кубни сантиметри. Силата на двете единици е скоро идентична. Овој мотор испорачува 116 КС, а спарен е со шес тстепен автоматски менувач на брзини, со двоен спојка. Понудата, подоцна ќе биде надополнет со варијанта со рачен менувач.

Проажбата на cross sedan врзијата на пазарот во Кина почнува пред крајот на ова лето, но се чини дека нема планови за извоз на другите пазари, исто како што е случајот со hatchback cross близнакот C3-XR.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)

Најавен Audi Q4 Sportback e-tron concept