Cruise Origin – електричен мини бус без волан!

Startup Cruise во мнозинска сопственост на General Motors го претстави својот прв производ – потполно автономен автобус, поточно минибус, за превоз на патници на барање, а притоа да нема никаква можност за не автономно возење, односно народски речено во нив нема да има потреба од возач – човек…

Американската старт ап (startup) компанија Cruise во мнозинско сопственост на General Motors, а во соработка со  Hondа (која е исто така еден од инвеститорите) развија свој продукт – необичен електричен мини бус наменет за целосно автономен сообраќај и возење на барање од клиентите.

Името на тој мини бус е  Cruise Origin, a според зборовите на производителите истиот би требало да претставува „подобрување на автомобилите “, но на на начин да биде достапен за купување тукуa исклучиво за споделување на превоз – car shearing.

Вчера, во Сан Франциско е промовиран Origin, иако изворно е претставувањето требало да биде одржано уште во минатата 2019 година.

На премиерата впечатливо делуваше формата во вид на коцка на новото возило, што, патем речено е развиено три години, како и неговата внатрешност каде е предвиден максимален простор за патниците.

Со седишта свртени едни наспроти други, вкупно, во возилото може да се сместат шест лица.

Управувачот, педалите, ретровизорите или било кои други контроли и дополнителни елементи за возачот – ги нема.

Таа ролја треба да ја преземе вештачката интелигенција што ќе овозможи потполно автономно возење од ниво пет ( 5).

Сето тоа е се уште иднина, навистна извесна и блиска, од  Cruise барем засега не откриваат никакви дополнителни информации поврзани со евентуалната цена, односно почетокот на производството или други детали во врска со временските рами околу појавувањето на  Origin на патиштата.

Меѓутоа, велат дека не станува збор за концепт туку за производен модел кој е подготвен за долготрајно користење во сообраќајот и предвиден да помине најмалку еден милион миљи (повеќе од 1,6 милиони километри ) во тек на животниот ( работен) век.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Poletar го покажа возачкиот простор од иднината

Спортски Peugeot 508 co Hybrid погон до крајот на 2020

Volkswagen Touareg R со plug-in hybrid систем

Официјално претставена DS9 – Француска преиум лимузина создадена да успее!

Електричен Fiat 500e без маска

Новиот Volkswagen Caddy новиот крал кај возилата за дотур!

Cupra Leon, шпанската икона станува plug-in hibrid!

Ултимативна Honda Civic Type R со Sport Line и Civic Limited Edition

Peugeot го лансира својот прaктичен работник – pick up модел Landtrek