Cupra Concept подготвена за Салонот во Франкфурт

Уште претходно од Seat  објавија еден „тизер“ видео со кое го најавија нивното ново концепт возило од нивниот нов, перформанс бренд –Cupra…

Деновиве се појави и нова „тизер“ слика, проследена со соопштение дека станува збор за нов Cupra concept што премиера ќе има во септември тековната 2019 година на Интернациоаналниост салон за автомобили во Франкфурт IAA Frankfurt 19.

Инаку, за самата студија, барем засега, нема многу детали, освен дека станува збор за потполно електрично возило и тоа возило што комбинира елементи на cssover и на спортско coupe.

Исто така, во моментов, не се знае  дали, овој, се уште не именуван концепт автомобил можеби најавува и некој сериски автомобил од блиската иднина.

 

Инаку, Seat уште од порано го најави планот според кој до 2021 година, на пазарот ќе лансира шест нови електрични и plug-in hybrid модели, при што, тука станува збор за возила од различни класи.

И Cupra ќе има сопствена улога во електрификацијата на компанијата Seat. Така, веќе извесно време, се знае дека пристигнуваат plug-in hybrid верзии на моделот Cupra Leon (секаоо базирани врз новата генерација на Leon што наскоро се очекува на пазарот) а тука е и Cupra Formentor.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Drako GTE електричен супер автомобил

Jaguar иницира кампања за промена на значењето не еден збор-Car

Audi Q4 e-tron нуди дури и персонализација на светлата

Најавен Bugatti инспириран од моделот EB110 SS

Во Кина – Роботи сообраќајци

Најмоќниот Porsche Cayenne е plug-in хибрид

Volvo размислува за проширување на SUV понудата

Superb поминал точно еден милион километри!

Голема премиера во Франкфурт на Audi RS6 Avant