Cupra стана најновиот натпреварувач во серијата производители кои влегоа во светот на Формула Е…
Cupra се здружи со ABT Sportline и ќе се натпреварува во новата сезона на Formula Е. Со ова, шпанската марка им се придружува на новодојдените Maserati и McLaren во тркачката серија со едносед, како и долгогодишните учесници, вклучувајќи ги DS, Mahindra, Nissan , Porsche и Niо. На овој начин Cupra сака да ги „зацементира“ своите спортски способности без емисии, наведуваат информативните агенции.
Во текот на петте години додека Cupra живее одвоено од својата матична компанија SEAT, таа успешно се прослави во светот на електро-моторспортот. Таа се натпреваруваше во двете сезони на теренската (оff road) серија Extreme E и двата пати заврши на средината на табелата. Таа победи оваа и минатата година во шампионатот FIA ETCR за електрични автомобили.
Сега Cupra е подготвена за нова фаза во својот развој и ќе учествува во Formulа Е. Од компанијата велат дека нивните амбиции се совпаѓаат со оние на Formulа Е, а тоа е да се поврзат со оние кои ја ценат одржливоста и кои чувствуваат страст за трки и перформанси.
Formula Е воведува големи промени во правилата, што, меѓу другото, значи дека болидите за 2023 година се помоќни и побрзи од претходните.
Автомобилот Gen3 има преден и заден мотор, додека вкупната моќност е 470 КС. Максималната брзина е повеќе од 320 km/h. Регенеративното сопирање од вкупно 600 kW (250 kW напред и 350 kW назад) е толку моќно што автомобилите немаат потреба од класични задни хидраулични сопирачки.
Cupra ќе го користи погонскиот систем на Mahindra, а Холанѓанецот Робин Фринс и Швајцарецот Нико Мулер ќе возат за тимот. Сезоната започнува на 14 јануари во Мексико и ќе трае седум месеци