Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Откако Луис Хамилтон го основа својот тим и неколку помалку звучни имиња го најавија своето учество во u Extreme E шампионат што  треба да започне следната година, првиот голем производител што го потврди својот настап е шпанската Cupra, како спортски огранок на брендот SEAT….

Уште повеќе, Cupra ќе се натпреварува во Extreme E шампионатот, во тандем со тимот на Abt Sportsline, добро познатиот германски тјунер на возила од марката Audi, што веќе истакнува сериозна кандидатура за највисок ранг во ова натпреварување.

Особено кога се знае дека Матиас Екстром (Mattias Ekstrom), поранешен шампион во DTM и World Rallycross шампион ќе вози за тимот.

Автомобилот Odyssey21, кој ќе го произведува француската компанија Spark Racing Technology,за сите тимови, ќе го носи амблемот на Cuprа, додека дизајнот на каросеријата ќе биде одделен за сите тимови, според нивните желби, односно доколку сакаат.

Автомобилот се напојува од електромотор со моќност од 540 КС а опремен е и  со погон од 4х4.

Тежината на возило изнесува 1650 кг, па таквиот сооднос овозможува  забрзување од 0 до 100 км /ч за само 4,5 секунди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара

SSC Tuatara го урна рекордот на Bugatti

Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

Nissan Juke родоначалник на нов сегмент слави 10-ти роденден