Cupra со Ateca Special Edition на Palexpo 2019

Новата марка Cupra ja презентира првата специјална серија на својот автомобил на меѓународниот саем во Женева, а на пазарот би требало да се најде на крајот на годинава

„ Уникатноста е една од клучните вредности во визијата на Cupra“, коментира Антонио Лабате, директор за стратегија, бизнис, развој и бренд операции.

„Слично на тоа што го направивме минатата година со Cupra R, ние сакаме да понудиме лимитирана серија на нашите најуспешни модели и да ги изненадиме оние автомобилски ентузијасти кои доживуваат страст кон најексклузивните дизајнерски производи.

Со Cupra Ateca Special Edition ние ја пренесовме персонализацијата на следното ниво со рачно изработено возило“, изјавил Лабате.

Новата Cupra Ateca Special Edition се разликува од сериската верзија на Cupra Ateca со голем број на дополнителни и стилистички елементи изртаботени од јаглеродни влакна, со уникатно за серијата изработен спортскиот издув од Akrapovic….

На таоа се надоврзуваат и „стандардните“ 20-инчни тркала и бојата на надворешноста, спортските седишта со уникатни перформанси ….

Погонот на Cupra Ateca Special Edition е бензинец, со работен волумен од 2,0-литри, со четири цилиндри и TSI технологија, што испорачува моќ од  300 KS и максимален вртежен момент од 400 Nm.

Овој агрегат во Cupra Ateca Special Edition доаѓа во комбинација со автоматски менувач на брзини, со двојна спојка и со седум степени на пренос на силата и со погон на четири тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS