Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!

Инспириран од легенрадниот V8 на Glenn Curtiss од 1907, Curtiss Motorcycles го претставија редизајнираната изведба на електричниот Zeus

По враќањето на сцената со електричниот Zeus во 2018 година, Curtiss Motorcycles, претходно познати како Confederate Motorcycles, сега ја претставија редизајнираната верзија на Zeus во скулптурална форма, која нуди електрично возење на класичниот V8 бензински мотор.

Curtiss Motorcycles е компанија која создадва одржливи, посакувани, меѓугенерациски, чисти и зелени моторцикли, што го постигнува со употреба на висококвалитетни материјали и изработка со класични занаетчиски техники, кои придонесуваат кон интригирачки и несекојдневен дизајн.

Новиот Curtiss Zeus доаѓа со сверичен дизајн и скелетна рамка, како дел од волшебниот дизајн на моторциклот инспириран од легендарниот V8 моторцикл на Glenn Curtiss од 1907 година.

За да го постигне V-форма на бензинскиот мотор, дизајнерот Јордан Корнил создал осум-цилиндарски батериски пакувања, кои излегуваат надвор од централниот терминал од центарот на мотоциклот, што освн дизајнерски има и функционален ефект за поедноставно ладење на батериите.

Од Curtiss Motorcycles велат дека батерискиот пакет доаѓа со 16,8 kWh на 399V, но не споменува никакви спецификации за полнење.

Контролниот и моторниот пакет се развиени со британската инженерска фирма YASA,  трансмисијата е се уште во развој, а очекуваат да придонесе за моќност од 217 КС и вртежен момент од 200 Nm.

Новиот Zeus Radial V8 треба да влезе во производство во 2020 година, со цена од 75.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

LIQUI MOLY Mакедонија на EURO 2020

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!

Harley Davidson подготвува електричен скутер!

Škoda Vision In компатно crossover – coupe на Чeсите

BMW работи на електрични мотоцикл!

BlackBerry наместо мобители ќе произведува е-мотоцикли!

Британците и минатата 2019 година „лудуваа“ по VW Golf!

Луксембург прва земја во светот со бесплатен јавен превоз!

Распродаден пред стартот на продажбата Ford Mustang Mach-E