Сè што е поврзано со брендот Ducati обично доаѓа со висока цена, а тоа секако се однесува на мотоциклите по нарачка, што пак е и главниот лик на нашата денешна приказна…
Името на работилницата е Revival Cycles, а нивниот проект е базиран на моделот Ducati Monster 1100. Крајниот резултат е импресивен, со подеднакво импресивна цена. Revival Cycles Workshop доаѓа од Остин, главниот град на Тексас.
Основана е во 2008 година од Алан Сталберг и Стефан Хертел. Зад себе имаат некои од најубавите сопствени креации, а доволно е да ја посетите нивната страница и да се уверите. Секако една од најубавите креации е Ducati 1100 Fuse направен по мерка (нарачка).
Дел од погонската единица е земена од мотоциклот Monster 1100, додека сè друго – вклучувајќи ја и рамката од нерѓосувачки челик – е направено по нарачка. Задната вилушка е направена од еден блок алуминиум.
Замислете само колку часови работа се вложиле за создавање на оваа совршена компонента. Според компанијата, централниот дел на дизајнот се цевките од нерѓосувачки челик, кои служат и како основа на овој мотоцикл.
Revival Cycles постави и едноделни „рачки“, за „чист“ кокпит, додека спојката и сопирачките се интегрирани. Изборот падна на кожа за комплетирање на класичниот изглед.
Иако мотоциклот е речиси целосно изработен по нарачка, едноделниот резервоар, седиштето и задниот дел сè уште имаат вибрации на Ducati, кои се дополнително нагласени со црвената боја.
Во меѓувреме, работилницата го среди и целиот електронски систем. Благодарение на единицата од Ducati Monster 1100, Fuse испорачува 120 КС, што го прави исклучително моќна машина.
Според работилницата Revival Cycles, трошоците за изработка на мотоциклот Fuse се околу половина милион американски долари, т.е. нешто повеќе од 490.000 евра!