Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

Dacia Duster наскоро очекува рестајлинг, кој ќе се случи во средината на животот на сегашната генерација…

Таквата информација ја потврди шефот на романската марка, наведувајќи дека овој crossover ќе дебитира во последниот квартал од тековната година, за моделска 2022 година, објави францускиот печат.

Фановите на Dacia нема да се радуваат на оваа вест бидејќи првичниот план вклучуваше претходно воведување на подобрена верзија, која мораше да се одложи поради недостиг на полу-проводници кои ја засегаат целата автомобилска индустрија, што во блиското минато доведе до привремени суспензии на производството на неколку наврати.

Сепак, поклониците кои со нетрпение го очекуваат Duster, нема многу причини за мрачно расположение бидејќи новитетот доаѓа со поинтересни детали, како што се свежи фарови и стоп светла од Logan 3.

Исто така, crossover моделот на Романците ќе добие инфо-забавен систем виден во новата лимузина, исто како и менувачот со двојна спојка, кој повторно ќе се појави во crossover моделот по подновувањето.

Сепак, не треба да се очекуваат никакви сензации со новиот crossover на Dacia,  бидејќи најсилните аргументи што овој SUV ќе им ги понуди на клиентите ќе бидат зачувани за новата генерација Duster, што ќе им биде прикажано на клиентите за околу три години.

Конечно, треба да се нагласи дека Dacia Duster за моделската 2022 година ќе биде нешто поскап од верзијата пред да разубавувањето, токму поради новите опции што ќе се понудат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили

Автономни возила веќе годинава на патиштата низ Б. Британија