Dacia Duster Pick- up!

Како што се очекуваше, романската компанија Romturingia ја претвори новата генерација на Dacije Duster Дачија во pick-up  возило, откако пред неколку години го стори истото со првата генерација на овој романски SUV …

Тогаш направија 500 парчиња, и тоа за романската нафтена компанија OMV Petrom.  Потсетуваме Romturingia е компанија специјализирана за претворање на моделите на Dacia во специјални возила како амбуланти и слично.

На кратко, новиот Duster Pick-Up е во форма на единечна кабина, има две седишта, дизел мотор 1,5 Blue dCi со 115HP и 260Nm, 6-степен мануелен менувач и стандарден погон 4×4.

Багажниот простор е долг 165 см, има волумен од 1000 литри, додека носивоста е 500 кг.

Со своите 4341 mm, Duster Pick-Up е за 19 mm пократок од стандардниот Duster и има 14 mm повисок растојание од земјата (сега 224 mm).

Duster Pick-Up првично ќе биде достапен само во Glacier White боја, со стандардни 16-инчни тркала, предни и странични воздушни перничиња, како и асистенција за Hill Start, Hill Descent Control, ESP, ABS и EBD системи.

Цената во Романија е 22.546 евра (со вклучени даноци), што е за 4.046 евра повеќе во споредба со Duster Blue dCi 115 4WD Comfort на кој се базира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren