Dacia Duster третата генерација ќе стаса 2024 година и ќе има хибриден погон

Романскиот crossover модел Dister последниве недели беше во центарот на вниманието на автомобилската јавност откако од Руската Федерација пристигна вест за негов трансфер на локалниот пазар под команда на Ladа, но тоа дефинитивно не е потврдено…

Сепак има нешто што е сигурно за овој популарен „теренец“ на Dacia а тоа е дека матичната (во однос на Dacia) групацијата Renault ја напушти Русија, што веројатно ќе предизвика реакција кај претставниците на дистрибутивната мрежа, кои очигледно ќе го тужат францускиот субјект барајќи обештетување. Сега романскиот бренд повторно е актуелен бидејќи се појави веста дека третата генерација на Duster ќе дебитира во Европа во 2024 година, со хибриден погон.

Да потсетиме, премиерата на crossover моделот за кој пишуваме во актуелното издание се одржа во 2017 година, со ре – стајлирањето минатата година,

По адутите на Dacia, Logan, Sandero и Jogger се префрлија од поранешната платформа Global Access (B0) на модуларната архитектура CMF-B, истото ќе биде и Duster.

Овој факт сам по себе ветува имплементација на сет модерни електронски системи, но инженерите на Renault нема да ги приспособат на традиционалниот систем за погон на сите тркала (со менувач, погонска осовина и спојка).

Според изјавите што може да се прочитаат во францускиот весник L’argus, наместо тоа, Duster 4 × 4 ќе има електричен мотор прикачен на задната оска. Ваквото решение се користи подолго време, а главни промотори на истото се јапонските модели, додека во „тој стил“ се и модерните хибриди произведени од Stellantis.

 

Во услови на возење по тешко совладливи патишта, ова решение е секако бескорисно, но во Европа тоа не е толку неопходно бидејќи Dusters со интегриран погон (и други поспособни автомобили) имаат задача да се справат со снежните патишта при одење на планина, на пример до викендичките или хотелите крај терените за скијање. Во такви услови ова технолошко решение функционира.

Што се однесува до дизајнот, имаме што да кажеме. Имено, романскиот crossover во третата генерација носи сосема нов стил и ќе биде инспириран од бруталниот концепт на Dacia Bigster, оној што го видовме минатата година.

Според прелиминарните информации, сегашните погонски единици со индекси од 1.0 TCe (100 коњски сили) и 1.3 TCe (со 130 или 150 „коњски сили“), кои промовираат турбо бензински мотори, остануваат во гамата на европскиот Duster, но во понудата повеќе нема да бидат дизел погонските единици.

Но затоа понудата ќе биде збогатена хибрид (навистина еко замена за дизелот) од констелација на модели со име што ја содржи одредницата E-Tech. Модели кои веќе се нудат со таков погон се Renault Clio и Captur, исто како и Nissan Juke.

Идејата вклучува комбинација од атмосферски бензин со работен волумен од 1,6 литри, електричен генератор и роботски менувач без синхронија и спојка.

Секако, сите овие иновации ќе се одразат на цената на третата итерација Duster, па тој ќе стане значително финансиски недостапен од сегашниот, кој стартува во Франција со одлична цена од 15,5 илјади евра, додека верзијата 4 × 4 чини најмалку 20, 300 евра.

Како и да е со нетрпение го очекуваме новитетот што доаѓа за две години со блага нота на загриженост ( се разбира во однос на цената со надеж дека нема многу да се покачи).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По речиси две децении Audi нема да ги спонзорира „кралевите“ од Мадрид ги „истурка“ BMW

Новиот Cadillac Celestiq ќе биде поскап за 30% од Bentley Flying Spur

Тркачки Porsche

Најчувствителен лак имаат автомобилите со црвена боја

Електричниот Mercedes Vision EQXX со едно полнење поминал 1.202 km!

Во Volkswagen сметаат на „ќумур“ за да го заштитат производството

Почна склопување на поедноставни Lada Niva Legend и Lada Niva Travel

Tesla заборавен на постојката за полнење EV – сопственикот заминал на одмор!

VW Air дебитира утре- 27 јуни