Dacia Grand Duster со седум седишта

Иако беше амбициозно презентиран, ванот Dacia Lodgy не ги исполни очекувањата на челниците на романскиот производител и нивните француски сопственици …

Причината е, пред сè, фактот дека во меѓувреме, се сменија баањата на клиентите кои се вљубија во SUV моделите, за сметка на класичните мoноволумени.

Затоа Dacia подготвува замена чие производство во Романија треба да започне во октомври наредната 2021 година.

Францускиот специјализира портал L’Argus објави уште неколку информации за новиот модел со работна ознака RJI (во некои медиуми тој е опишан и како Grand Duster).

Идната Dacia ќе биде поставена на CMF-B платформата на Алијансата Renault-Nissan, која ќе ја сподели со новиот Sandero.

Сепак, новиот романски модел ќе се протега на 4,5 метри, така што ќе може да собере седум седишта во врвната верзија.

Во споредба со Lodgy, изгледот ќе биде многу поагресивен, поточно како SUV модел.

Автомобилот ќе биде опремен со 1.3 TCe мотор, со 12V благ-хибриден (mild-hybrid) систем, како и хибриден погон познат од Clio E-Tech.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто е брз болидот на Bugatti

Audi RS7 – Најбрзиот блиндиран автомобил на светот

Ѕвездите на FC Barcelona нурнаа во светот на Cupra!

Ford Bronco добива pick-up варијанта

Ital Design најавува нов DeLorean

Abarth 595 Hercules болид во микро-пакување навиен на 217 KС

Дали електричниот Rolls Royce ќе се вика Silent Shadow!?

Најавен модерен Porsche 914

Lada Niva на Nirburgring