Dacia ќе учествува на релито Дакар од 2025 година

  • Во 2025 година, Dacia ќе учествува на Светскиот шампионат во рели издржливост, вклучувајќи го и релито Дакар, на кој ќе учествува како конструктор во категоријата Т1+

  • Со цел да се развијат тркачките автомобили на брендот, програмата Dacia Factory ќе се потпира на техничката експертиза на тимовите на Dacia и британската група Prodrive, специјализирана за трки со мотори и инженерство, во текот на целата сезона.

  • Од 2024 година, вклучително и за време на тест фазите, францускиот деветкратен светски шампион во рели Себастиен Леб (Sebastien Loeb) и шпанската рели возачка Кристина Гутиерез Хереро (Cristina Gutiérrez Herrero ) официјално ќе се тркаат за Dacia

  • Тркачкиот автомобил на Dacia за релито Дакар ќе работи на синтетичко гориво обезбедено од Aramco

„Dacia и Дакар се совршена комбинација! Ова не е само тест за вистинската отпорност на Dacia, туку и демонстрација на нашата посветеност на мобилност со ниски јаглерод. Многу сме возбудени што користиме технологија за синтетичко гориво во Дакра. Dacia, нејзиниот врвен тим и возачите се сериозни конкуренти во овој тип на натпреварување!“ Денис ЛЕ ВОТ (Denis LE VOT), главен директор на брендот  Dacia.

Dacia поради релито Дакар влегува во програмата Dacia Factory

Dacia потврди дека од 2025 година ќе учествува на Светскиот шампионат во рели како конструктор во категоријата Т1+, како и дека ќе се обиде на врвниот тест на издржливост и отпор – релито Дакар.

Дакар е необична и уникатна трка која собира 500 авантуристи од повеќе од 60 земји секоја година повеќе од 40 години.

Тоа е совршена илустрација за рамнотежата на „рационалното“ и „емоционалното“ во сржта на ДНК Dacia.

Endurance Rally е посебно спортско искуство кое целосно се совпаѓа со областите на активност на брендот: тоа е авантура на отворено што вклучува робусни прототипови со погон на сите тркала, специјално прилагодени да ги издржат најсложените услови; тоа е исто така еколошки свесна авантура во која тркачките автомобили на Dacia се напојуваат со синтетичко гориво и, на крајот, суштинска и кул авантура со амбициозна цел во која нема простор за непотребен вишок.

За Dacia, релито Дакар е полигон и лабораторија за тестирање на бројни идеи; тоа е можност да се тестираат нови паметни решенија, особено оние поврзани со теренски својства и гориво.

Пред да влезат во сезоната 2025, прототипите на Dacia ќе бидат тестирани на Мароканското рели во 2024 година.

Dacia се потпира на сигурна и искусна техничка база

Dacia ќе биде вклучена во овој возбудлив проект, потпирајќи се на вештините на Renault Group и британската група Prodrive, специјализирани за моторни спортови и инженеринг и светски познати по развојот на прототипи за рели издржливост.

Како еден од главните светски играчи во областа на моторните трки, кој работи речиси 40 години, Prodrive им помага на брендовите да освојат бројни меѓународни првенства.

Prodrive учествува на релито Дакар и релито на издржливост од 2020 година, а на последните три рели Дакар учествуваше со автомобили управувани од сопствени тимови, како и конструктори на тие автомобили.

Во 2022 и 2023 година, тој исто така го освои второто место во генералниот пласман со Себастиен Леб, кој сега се приклучи на новиот тим на Dacia.

 

 Себастијан Леб и  Кристина Гутиерез Хереро ќе возат за Dacia

Шпанската рели возачка Кристина Гутиерез Хереро е првата Шпанка која возела на релито Дакар во 2017 година во категоријата автомобили.

Иако има само 31 година, таа веќе учествувала на седум рели Дакар од 2017 до 2023 година. Од 2012 година Кристина е шампион во рели на сите видови терени (во женска конкуренција) во Шпанија.

Францускиот рели возач Себастиен Леб (49) го освои Светскиот шампионат во рели девет пати по ред, од 2004 до 2012 година.

Тој е еден од најуспешните возачи во спортот и често се нарекува најдобар рели возач на сите времиња.

Лоеб учествува на релито Дакар од 2016 година. Од 2021 година ќе се натпреварува зад воланот на возилото Bahrain Raid Xtreme Hunter дизајнирано и управувано од британскиот тим Prodrive.

Успешната приказна на Sébastien Loeb и групата Prodrive сега продолжува зад воланот на Dacia.

Прототип на Dacia со синтетичко гориво

Прототипот на Dacia ќе работи на синтетичко гориво, синтетизирано со помош на обновлива електрична енергија.

Синтетичките горива на Aramco создаваат помала јаглеродна трага од горивата базирана на бензин во текот на целиот производствен циклус, а релито Дакар ќе послужи како совршен терен за тестирање за нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lancia Delta Evo-e RX на Леб со „одежда“на Martini

Во В. Британија стравуваат: Електричните возила се премногу тешки

Кон крајот на годината Audi ќе го тестира својот Ф1 мотор

Toyota GR H2 Racing Concept

Porsche- Откако е одбиен од Red Bull и McLaren повеќе не сака да влезе во F1

Opel и ADAC го продолжуваат партнерството во рели купот на електрични возила

Alpine A110 GT4 Evo за Pikes Peak

Извршниот директор на F1 овој спорт никогаш нема да прејде на електрични автомобили

F1 возачи ќе можат да дадат политички, верски и лични изјави на свој личен простор