Ниско буџетната лимузина на Романците веќе не се нуди ни со значка на Renault ниту на Пиринејскиот полуостров…
Со лансирањето на новата генерација на Logan / Sanderо, романската марка најави дека седанот нема да оди по патот на најразвиените европски пазари. Причината е прилично едноставна, во овие земји одамна нема побарувачка за лимузини во В сегментот, ниту пак во С сегментот…
Сепак, новиот Logan успеа да најде пат до Западна Европа, поточно до Шпанија.
Но, сега пристигнуваат информации дека Dacia ја прекина продажбата на моделот на Пиринејскиот Полуостров поради недостаток на интерес од потрошувачите.
Така, Logan својата кариера ќе ја продолжи во централниот и источниот дел на Стариот континент, каде се уште има клиентела за еден суб- компактна берлина.
Во меѓувреме, неговиот брат Sanderо профитира на сите пазари во Европа, бидејќи покрај hatchback изданието има и crossover, односно Stepway верзија.
Доказ дека жителите на побогатите европски земји повеќе не ги интересираат лимузините во сегментот B/C, покрај отсуството на Logan, е и исчезнувањето на Fiat Tipo во седан варијантата. И овој модел исчезна од неколку пазари во западниот дел на нашиот континент.