Dacia на струја може да стаса во наредните две години!

Производителот на автомобили од Питешти, Романија, инаку во целосна сопственост на францускиот гигант Renault и официјално потврди дека ќе пристигне електричен модел со значка на Daciа…

Станува збор за модел што на пазарите на Стариот континент ќе стаса во наредните две години, a што ќе биде базиран врз моделот Renault City K-ZE, наменет за пазарот во Кина.

Електричниот модел на Daciа стасува по моделот Twinga ZE, но пред првиот електричен модел на Renault што ќе биде базиран врз CMF платформата.

Од специјализираниот портал Autocar минатата година напишаа дека евтиниот модел City K-ZE ќе биде унапреден за пазарите во Европа.

Посетуваме K-ZE e мал модел во стил на crossover што припаѓа во A сегментот, a во Кина неговата целна група се помладите купувачи.

Верзијата наменета за пазарите во Европа најверојатно ќе биде опремена со понапредни безбедносни системи, a можно е и да има зголемување на автономијата на возење со едно полнење на батериите, што, патем речено, сега изнесува 250 km.

За да се намалат трошоците новиот модел, како што сега стојат работите, ќе се произведува во погоните во Шијан, во Кина.

Инаку, потпретседателот на Renault Оливие Мургуе (Olivier Murguet) сметаа дека малиот електричен crossover  K-ZE ќе биде идеално решение за сервис услугата изнајмување, односно на се популарното, особено во големите градови, споделување на автомобилите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Претставен новиот Fiat Strada

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување