Dacia на струја пристигнува 2021 година

Медиумите во Франција пишуваат дека првата целосно електрична Dacia, би можела, да се појави на пазарот во текот на 2021 година…

Поточно, засега неименуваната Dacia EV ќе има своја глобална премиера на салонот за автомобили во Франкфурт во 2021 година, но моделот со кој истата би била најавена би можел да се појави веќе во септември тековната 2019 година,  исто така на салонот во Франкфурт.

Изгледот на Daciа EV би требало да биде многу сличен на неодамна претставениот Renault City K-ZE што, патем речено, е наменет за пазарот во Кина.

Засега, неофицијално, се зборува дека Dacia EV би можела да има автономија од околу 200 km и време на полнење на батериите од околу четири часа, како и тоа дека во опремата би требало да има, помеѓу другото, и мултимедија, навигација,  камера за возење назад, како и автоматски клима уред

Најинтересното во се, секако е цената, при што некои медиуми проценуваат дека таа би можела да изнесува околу 20.000 евра и тоа без субвгенции

Па така со субвенциите од околу 6.000 евра таквата Dacia EV, во Франција би чинела повеќе од атрактивните 14.000 европски банкноти.

Електрификацијата е неминовна реалност !

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечен изглед на VW Golf VIII во GTЕ изведба

Снимен DS 9- прекрасна креација на францускиот премиум бренд!

Нови mild-hybrid бензинци за Volvo XC90 

На саемот во Токио Mazda со прототип EV

Наредната генерација на Audi RS4 ќе има plug –  in хибриден погон

Volvo XC40 со plug-in хибрид

Новиот Fiat 500X Sport, предводник на обновената гама на crossover ѕвездата од Италија!

IAA Frankfurt 2019-Новиот Renault Captur, понапреден, поквалитетен, подобар…

IAA 209 Frankfurt: Wey-S concept и Wey-X concept