Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

Производител на автомобили од Романија, инаку во целосна сопственост на францускиот автомобилски џин Renault,  ќе го претстави својот нов модел во 2021 година, а станува збор за SUV – што  ќе биде позициониран повисоко од Duster….

Dacia не беше задоволна од успехот во продажбата на моделите Lodgy и Logan MCV, па решија да понудат нов автомобил кој ќе ги замени овие две возила, а исто така да биде и во SUV класата поради општата популарност на овој сегмент на Стариот континент.

Затоа, Романците исто така најавија дека новиот Logan, кој неодамна и официјално го запознавме, нема да има MCV варијанта, бидејќи раководството на романската марка не сака можна канибализација со претстојниот теренец.

Досега се веруваше дека плановите на Dacia не добиле „аминување“ од матичната компанија Renault, но врз основа на папарацо-фотографиите што се појавија на Интернет во изминатите неколку дена, јасно е дека Романците и Французите напорно работат на создавање на нов SUV.

Овој претстоен модел на Dacia треба да има три реда седишта, односно да биде со седум седишта.

Ова става крај на гласините во врска со издолжениот Duster, во кој може да собере третиот ред на седишта.

Идниот теренец на романскиот производител ќе биде долг околу 4,5 метри и ќе се монтира на платформата CMF-B, како и на новите генерации на Sandero и на Logan.

Кога станува збор за палетата на погонски единици, се очекува богата понуда на мотори, и на бензински и и на дизел погонски агрегати.

Покрај тоа, секако ќе има простор за варијанта што користи TNG, а француските медиуми се убедени дека Dacia ќе ја понуди и класичната хибридна технологија, која треба да се пресади од новиот Renault Clio.

Кога ќе го видиме новиот модел на нискобуџетната марка?

Првичните информации велат дека дебито е закажано за следната пролет, односно на почетокот на март, веројатно на саемот за автомобили во Женева, доколку истиот воопшто и се одржи.

Сепак, некои новинари од Франција наведуваат дека овој датум е премногу оптимистички и дека е пореално да се види новата Dacia во есента 2021 година, најверојатно на салонот за автомобили IAA 2021 што овој пат ќе се одржи во Минхен!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

De Tomaso станува американска марка

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците