Dacia одбележа убав јубилеј 10 милиони произведени возила

Романската марка слави ново достигнување – од фабриките на оваа марка излегоа импресивни десет милиони возила.

Dacia го започна својот живот во далечната 1968 година и оттогаш многу, навистина многу возила на четири тркала ги напуштија производните линии. Овој производител измина долг пат, од монтажа на препакувани Renault модели, до европски бестселер во форма на Sanderо.

Dacia 1300 има акумулирано 2,3 милиони единици во текот на многу долга кариера. Од друга страна, Duster успеа да истурка дури 2,1 милиони примероци за помалку од 13 години. Секако, гореспоменатиот Sandero е убедлив на листата со произведени 2,6 милиони автомобили и не престанува да руши рекорди.

Романскиот бренд најде златен рецепт за европските клиенти и од година во година бележи одлични комерцијални резултати. За тоа најдобро говорат податокот дека во 2014 година славела 5 милиони продадени и дека за тој подвиг биле потребни 46 години!

Но, само осум години подоцна, пристигнати се точно 10 милиони регистрации! Доколку се прашувавте кој е јубилејниот модел, можеме да пренесеме дека станува збор за Dacia Duster Extreme, специјалното издание на овој теренец. Сепак, овој автомобил нема да оди кај купувач, бидејќи Романците решиле да го задржат возилото во музејот Dacia.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche- Откако е одбиен од Red Bull и McLaren повеќе не сака да влезе во F1

Opel и ADAC го продолжуваат партнерството во рели купот на електрични возила

Alpine A110 GT4 Evo за Pikes Peak

Извршниот директор на F1 овој спорт никогаш нема да прејде на електрични автомобили

F1 возачи ќе можат да дадат политички, верски и лични изјави на свој личен простор

Cadillac V-LMDh

Ferrari SF-23 нелегален!?

McLaren претстави „специјален автомобил“ – MCL60

Formula 1- претставен Ferrari SF-23