Dacia подготви освежување за Duster

Романската мара би требало да го освежи овој во регионот многу популарен SUV веќе на почетокот на 2022 година…

Ако им се верува на првите информации, или поточно гласини, кои доаѓаат од странски професионални медиуми, тогаш Dacia подготвува многу темелен рестајлинг за Duster.

Романскиот теренец бележи многу добри продажни резултати, не само во Европа, туку и на други пазари надвор од Стариот континент, каде што најчесто се продава под марката Rеnault.

Актуелната генерација влезе на сцената во 2017 година, а  најавено  е и ажурирање за 2022 година, целосно во согласност со трендовите што денес владеат во автомобилската индустрија кога станува збор за рестилизирање на моделот.

Што се однесува до визуелните промени, треба да очекуваме Duster да се усогласи со новата насока на дизајнот што Dacia ќе ја преземе со поставувањето на следната генерација на Sanderо и Logan, чии први фотографии веќе имавме можност да ги видиме.

Тоа пред се се однесува на преземање на светлосниот потпис во форма на буквата „Y“, како и на трансплантацијата на решетката што првично ќе се најде на новиот Sanderо.

Француските автомобилски новинари се убедени дека освежениот Duster ќе се појави со поголем екран за управување со информативно -забавниот систем, но и со различна табла со инструменти.

Сепак, се очекуваат посериозни промени кога станува збор за гамата на мотори.

Dacia, како и сите други европски производители, ќе бидат под притисок поради емисиите на возниот парк, а романската марка ќе мора да го следи патот на електрификација.

Се верува дека рестилизираниот Duster ќе донесе неколку новини на тоа поле.

Како прво, се очекува имплементација на благ 12V хибриден систем на бензински мотори, но многу поголема новина ќе биде понудата на класичен хибрид.

Duster би требало да го преземе хибридниот систем од ClijоE-Tech.

Значи, станува збор за комбинација на бензински мотор со работна зафатнина од 1,6 литри и два електромотори со батерија од 1,2 kWh.

Повеќе верифицирани информации ќе бидат достапни како ќе наближува процесот на ажурирање за овој модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Q5 Sportback без маска

Новата Fabia пристигнува вгодина

Ford ја претстави Puma ST- перформанс crossover „жешка ѕверка“

Подновениот Range Rover Velar и со plug-in hybrid верзија

Peugeot 508 PSE официјално претставен

И официјалнјо претставен електричниот VW ID. 4

Новиот Renault Megane Conquest – Хибриден SUV Coupe за Стариот континент

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

VW со големи планови за ID.4