Dacia секој месец ги зголемува цените!

Иако цените на производите на романската марка Dacia веќе се зголемени на почетокот на април, таксите што компанијата ги бара за моделите Jogger и Sprin ќе поскапат за нови 600 евра, со почетните денови на тековниот месец мај…

Како што пренесуваат специјализираните портали од Франција, односно гледајќи како се одвиваат работите со Dacia, практиката на зголемување на цените станува месечна навика на романската марка која е во целосна сопственост на автомобилскиот гигант од земјата на Галите – Renault.

Откако цените беа покачени во март, а потоа и во април, тие повторно ќе поскапат во мај, доколку им се верува на информациите што беа достапни на сајтот „Losange1981“, како и од написите на форумот Worldscoop.

Duster ќе биде поштеден од поскапувањето, додека со Sandero само верзија во изведба со плин ќе чини 150 евра повеќе, ако добро го разбравме наводот во тие медиуми.

Основната цена на овој модел ќе остане на истото ниво од 10.790 евра.

Одлуката за новото мајско поскапување најмногу ќе влијае на купувачите со идејата да ги усвојат моделите Spring и Jogger.

Малиот електричен автомобил во април веќе доби илјада евра повисока цена, а сега ќе треба да носи налепници со 600 евра повисока такса.

Така, неговата почетна цена е дигната до 19.290 евра, додека при лансирањето чинеше само 16.990 евра. Тоа се случи пред само една година!

Ова ќе биде второ поскапување за популарниот Jogger, кој во салоните пристигна во март. Откако во април претрпе корекција на цената во опсег од 500 до 1.050 евра, сега ќе носи етикети со цена повисока за 600 евра.

Одлуката ќе влијае на целиот асортиман на Jogger, освен основната опција, која вештачки ќе ја задржи цената малку пониска, со цел да се создаде оптичка илузија на добра зделка кај купувачот.

Значи, воведниот Jogger станува понепристапен за 500 евра (наместо 600 евра, како кај другите модификации). На тој начин ќе чини 15.990, наместо 15.490 евра, колку што чинеше пред само некој ден.

Севкупно, овде се соочуваме со поскапување од 6,6% и тоа за само неколку недели.

Можете да процените дали Dacia ужива и се стреми да ја искористи популарноста на своите модели, или пак дека е во „грч“ поради поскапувањето на суровините, енергијата и „сè живо“.

Само да напоменеме дека приказната и наведените цени се однесуваат на францускиот пазар, но не треба да бегаме од сите врски меѓу европските пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 electric најпродаван EV автомобил во Европа

Mercedes B Class во 2025 година ќе замине во историја

Новиот Mercedes GLC на најавни слики

Tеsla повлекува 130.000 возила

Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Признанија на списанието Autocar за Питер Шрејер и Kia EV6

Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Можно враќање на GM во Европа

Цените на бензините повторно растат, дизелот поевтинува