Dacia Sentry – фуртуристичка студија на романскиот „спортист” !

Моделот на Dacia што нема етикета „ниско буџетн“, такво нешто е можно, но само во имагинацијата на дизајнерот кој направи серија дигитални рендери на овој имагинарен автомобил…

Романскиот дизајнер Тикарат Александру-Калин  (Aleksandru-Calin) реши да понуди сопствена визија за потенцијалниот иден модел на Daciа.

И слободно може да се каже дека ова е многу привлечен автомобил.

Имагинарниот модел Sentry е всушност седан со пет седишта закосен кон назад покривот што му дава на целото возило coupе-силуета, стил што станува се повеќе популарен во сегашната автомобилска индустрија.

Покрај тоа, авторот на ова дело истакнува дека неговата замислена креација на четири тркала  е всушност EV (електрично возило- автомобил) , што на некој начин го објаснува специфичниот изглед на автомобилот.

Една одлика е особено лесна за забележување, а тоа е недостаток на класични огледала. Наместо тоа, има камери, што е решение што веќе го видовме со Hondа, Lexus, Audi e-tron…

Dacia Sentry е долгa 5,040 mm, широкa 1.907 mm и високa 1.506 mm.  Растојанието помеѓу оските  изнесува 2,85 метри, што значи дека станува збор за прилично голем автомобил кој би бил некаде помеѓу сегментите Е и F.

Очигледно е дека имагинацијата може да стори нешто, а можете да видите како изгледа оваа романска убавица во галеријата подолу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач

Murray T.50 со премиера во Август

Видео: Ken Block дрифтува во монструмот со шест тркала на Ford

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!