Dacia со први тизер слики на електричниот crossover модел Spring

Dacia ги објави првите видео тизери за електричниот Spring, со најава за достапна за широките маси електрична мобилност…

Dacia Spring се очекува да донесе вистинска револуција во сегментот на електрични автомобили, со напомена дека не станува збор за технолошки иновации, туку за цената и достапноста на возилото, што е и треба да остане моќен адут на романскиот бренд.

Во согласност со економичноста на Dacia, се очекува и Spring да биде ценовно достапен за поширок  круг на потенцијални купувачи.

Од Renault групацијата се уште немаат објавено колкава ќе биде цената на Dacia Spring, иако голем број медиуми најавуваат цена од околу 15.000 евра, што е навистина револуционерен потег. Ако на тоа се додадат големиот број државни субвенции кои постојат во Европа, купувачите имаат шанса да добијат исклучително финансиски достапен електричен автомобил, нешто што не е одлика на овие модели.

Dacia Spring ќе претставува унапредена и ребрендирана верзија на кинескиот Renault City K-ZE.

Од Dacia ветуваат дека електричната мобилност ќе биде достапна за сите, а според најавите, автомобилот се очекува да има автономија од 200 км според WLTP.

Според најавите, електричната Dacia ќе биде достапна од првата половина на 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS