Dacia Spring над 40.000 нарачки

Првиот електрична Dacia, моделот Spring, беше добро прифатен од европските клиенти, што го потврдуваат информациите дека во првите осум месеци од продажбата на Стариот континент биле примени повеќе од 40.000 нарачки (од кои 7.500 во Романија и повеќе од 7.200 во Германија)…

Резервациите започнаа во март и беа примени повеќе од 16.000 нарачки во првите три месеци.

Моделот со повисоко поставена позиција на седење Spring нуди опсег, со едно полнење на батериите, до 230 km.

Станува збор за батерии со капацитет од 27,4 kWh, а се напојува од електричен мотор што испорачува моќ од 33 kW / 44 HP.

Овој електромотор на романскиот crossover му обезбедува солидни перформанси:

Забрзува од 0 до до 100 km/h за 19,1 секунди и му обезбедува максимална брзина од 125 km/h.

Со вклучени субвенции, Dacia Spring во Германија може да се купи за само 10.920 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период