Dacia сврте нов лист

  • Дваесет месеци по претставувањето на стратешкиот план на Renaulution, брендот Dacia се подготвува да напише ново поглавје -Ново лого, нов изглед на продажни салони, нов дизајн и нови бои ќе го направат брендот уште поатрактиве –   Ставајќи го во преден план она што е најважно за клиентите, Dacia продолжува да истражува нови области

На 14 јануари 2021 година, Renault Group го претстави Renaulution, нов корпоративен стратешки план за секоја марка во групата. Целта за брендот Dacia беше јасна: да стане синоним за пристапна мобилност и да го потврди својот статус како суштински бренд.

Таквата цел и визија се особено оправдани со многуте успеси на брендот: за 18 години Dacia продаде 7,5 милиони возила и стана трета најпродавана марка на пазарот на приватни купувачи во Европа.

Брендот сега претставува современа визија за автомобили што обичните клиенти, од кои секој ден ги има се повеќе, особено ги ценат. Тоа се клиенти кои паметно ги трошат своите пари, желни се за слобода и едноставни задоволства и избегнуваат претерано трошење.

Благодарение на минатите резултати и ставот што е во чекор со времето, брендот Dacia одговара подобро од кога било на потребите на општеството и е подготвен да истражува нови области и да го усоврши C-сегментот со вредностите и квалитетите што му донеле успех во B -сегментот.

Дваесет месеци по презентирањето на стратешкиот план на Renaulution, Dacia е целосно подготвена и со нетрпение очекува да започне ново поглавје во својата историја.

Брендот одлучи да работи на својата привлечност и посакуваност додека го одржува најдобриот сооднос цена-квалитет. За да успее во тоа, во последните месеци го менува визуелниот идентитет, логото, изгледот на продажните салони, дизајнот и боите.

Почетокот на новото поглавје беше означен на симболичен начин на Деновите на брендот Dacia – настан на кој присуствуваа стотици меѓународни новинари, што се одржа од 13 до 15 септември 2021 година во Ле Бурже.

Во пракса, новото поглавје се заснова на потврда на три вредности кои ќе бидат столбот на работењето и дизајнот на производите на Dacia во наредните години.

Есенциални и „Cool“

Во последните 18 години, Dacia на своите клиенти им го понуди она што навистина им треба и со текот на времето докажа дека се повеќе од тоа е излишно.

Се разбира, дефиницијата за неопходни се менува со текот на времето.

Да го земеме на пример клима уредот, кој пред 18 години не беше суштинска опрема во возилото, но денес е.

Спротивно на тоа, зошто да инсталирате два или три екрани во автомобилот кога постои брз и паметен начин да го спарите (споите) паметниот телефон на сопственикот со возилото, на пример со помош на системот за контрола на медиумите на Dacia кој ги вклучува сите најважни функции?

Суштински не значи дека нешто е рудиментарно или сиромашно. Dacia сега е попаметна, покреативна и поатрактивна.

Особено во однос на практичните карактеристики како што се револуционерниот систем за контрола на медиумите и модуларните багажници на покривот кои го заменуваат традиционалниот модел на багажник (достапен како опција), но и дизајн кој сега е уште поладен и не чини повеќе!

Утре Dacia ќе направи нов креативен чекор и ќе воведе функција на паметен телефон што сугерира времиња и места за одмор од возењето.

Оваа нова функција беше развиена во соработка помеѓу тимовите на Dacia и тимовите вклучени во развојот на системот Software République, вклучувајќи ја и групата Renault.

Робусни и создадени за искуство на отворено

Сигурноста и издржливоста се рецептот за успех на Dacia, а лојалноста на клиентите е најдобар доказ за тоа: сопствениците на Dacia во Франција во просек остануваат верни на своето возило 8 години, а 60% од нив повторно ја избираат Dacia кога купуваат ново возило.

Dacia нуди и најдобар сооднос цена-квалитет: вредноста на препродажбата на користено возило е во просек 10 пати повисока од просечната цена на возилата од неспецијализирани производители.

Бидејќи се робусни и доверливи, возилата на Dacia се идеални за активности на отворено (на кои сè поголем број клиенти прибегнуваат во слободното време), но и за професионална употреба.

Утре, Dacia ќе преземе нов чекор со цел да се усогласи со трендовите на пазарот и ќе ја зајакне својата палета на возила дизајнирани специјално за возење надвор од патот.

 

Марката ќе продолжи да нуди погон на сите тркала и опрема на отворено, вклучително и комплет кој ќе биде достапен од 2023 година кој ќе овозможи брачен кревет да се инсталира во Jogger за само неколку минути, без да се затнува багажниот простор.

Четиричлено семејство дури ќе може да постави шатор над патничката кабина за да го зголеми просторот за живеење.

Еколошки и паметни Пониски трошоци и поголема свест за еколошка средина

Dacia се стреми да ги преклопи индивидуалните и колективните интереси. Наместо да развива нови технологии, претпочита да користи испробани и докажани технологии кои заштедуваат пари.

Пример за ова е постоечката CMF-B платформа.

Дополнително, не вградува непотребна технологија и естетски додатоци во своите возила, па тие се полесни и помалку трошат, што им користи и на возачите и на планетата.

Jogger, на пример, е полесен за 300 килограми од конкурентските возила со седум седишта.

Широка примена на рециклирање на раните материјали е уште еден од приоритетите на Dacia.

Земете го на пример Duster, во кој дури 12% од употребените пластични делови се рециклираат – што ја надминува просечната употреба на рециклирани делови во нови возила за европскиот пазар.

Тука, уште еднаш, се среќаваат интересите на клиентите и нашата планета.

Dacia утре ќе направи нов чекор и ќе го зголеми процентот на рециклирана пластика во своите модели.

Целта е да се достигне 20% рециклирана пластика во новата генерација на Duster.

За таа цел, ќе се користат рециклирани делови за да се направат и скриени делови од возилото (што често е случај денес) и видливи (што е поретко денес).

Марката прво користеше рециклирани делови за да создаде заштита на подвозјето под предниот браник на Sander Stepway, а сега оди чекор понатаму и користи нов материјал специјално прилагоден од инженерите на брендот – Starkle®: еколошки,

робустен, елегантен и рециклирана пластична маса.

Бесплатно корисничко искуство

Новото поглавје во историјата на брендот вклучува постепена промена во начинот на кој брендот комуницира со клиентите, обезбедувајќи им уште посовршено и попријатно искуство во возењето.

Целосното реновирање оваа пролет ги зафати и салоните на производителот од Романија -Dacia.

Новите изложбени простори сега се особено наменски, исклучително флексибилни, еколошки свесни и прилагодени по разумна цена. Dacia го преплетува физичкото и виртуелното продажно искуство, па за своите клиенти разви апликација за проширена реалност за паметни телефони.

Денис Ле Вот (Denis Le Vot), извршен директор на брендот Dacia: „Дачија од година во година привлекува нови клиенти кои го бараат она што е можеби најценето во денешниот свет: суштинското.

Новите клиенти се стремат кон разумно и одговорно општество и тие се обврзани со поинаков поглед на автомобилите.

Автомобили кои привлекуваат со својата содржина, удобност, изглед и кои се воедно и најприфатливи.

Тоа е Dacia! Само она што е навистина важно, без евтини трикови и прекумерни трошоци за дизајн“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинезите за 2023 ветуваат електричен автомобил со досег од 1000 км

Suzuki и Toyota заеднички прават електричен SUV

Електричен Chery QQ Wujie Pro

Дополнителна опрема направена по мерка за Opel Astra и Astra Sports Tourer

Lincoln Model L100 Concept

R5 TURBO 3E, Роден за дрифт

XPeng од Кина овозможува полнење на EV батериите двојно побрзо одошто Tesla

Moskvich ќе развие сопствена платформа за електрични возила

Електричните хипер автомобили ќе забрзуваат до „стотка“ за помалку од секунда