Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Daimler го претстави водородниот камион со автономија од 1,000 км, како и електричниот Actros со досег од 500 км

Daimler Камиони денеска имаше светска премиера на концепт камион на водороден погон, со што ја презентираше и својата технолошка стратегија за електрификација на возилата, со крајна цел заштита на животната средина.

Центар на вниманието на настанот беше претставувањето на технологијата на основа на водород, кој треба да ги придвижува камионите наменети за долги релации.

Концептот именуван како Mercedes-Benz GenH2, има автономија на движење од 1,000 километри, што го прави компатабилен за користење кај камиони за транспорт на долги релации.

Се очекува сериско производство на овој концепт, во втората половина на оваа деценија.

Исто така, презентиран е и електричниот еActros, со досег од 500 км, кој ветува висока енергетска ефикасност.

Неговото сериско производство се очекува во текот на 2024 година.

„Нашите купувачи донесуваат рационални одлуки при купување и не се подготовени на компромис со нивните камиони“, изјави Претседателот на Управниот Одбор на Daimler Truck AG, Мартин Даум.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа