Daimler Truck иницира е- камиони со досег од 500 километри

Електрични камиони со домет од околу 500 километри годинава ќе тргнат по германските патишта, но само како дел од нивното тестирање во реални услови на експлоатација…

Сериското производство на моделот eActros LongHaul треба да започне во 2024 година, објави Daimler Truck.

Минатата година компанијата започна со производство на првите модели на камиони eActros.

Станува збор за камиони за таканаречен дистрибутивен транспорт, кои во зависност од моделот имаат три или четири батерии.

Овие камиони можат да поминат до 400 километри.

Со префрлање од мотори со внатрешно согорување на нови погони, Daimler Truck се потпира првенствено на батерии и горивни ќелии.

Компанијата инаку е опишана како светски лидер во производството на камиони, автобуси и други комерцијални возила и има повеќе од 100.000 вработени.

Европската унија врши притисок врз камионската индустрија да ги насочат своите капацитети со цел Заедницата да ги исполни своите цели за климата и климатските услови.

До 2025 година новите модели би требало да испуштаат во просек 15 отсто помалку јаглерод диоксид, а до 2030 година емисијата треба да биде најмалку 30 отсто пониска.

Доколку производителите не успеат да ги реализираат овие цели поставени од ЕУ, ги чекаат високи казни.

Европската Унија и нејзиното законодавство и регулаторите поставија цврсто зацртани насоки и термини, иако, сето ова што се случува, кризата со пандемијата со вирусот Корона, затворања на погони и продажни центри, недостаток на компоненти, чипови и полу – проводници, како и ескалацијата на војната помеѓу Русија и Украина, имаат репрекусии, па можни се и некој отстапки од зацртанот.

Но што и како ќе биде, ќе треба да почекаме на времето кое ќе ги даде одговорите

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Citroen C5 X Plug-in хибрид

Познато е колку ќе чини синтетичкото гориво

Porsche тврди дека EV може да бидат попрофитабилни од термичките

Ford развива полнач што самиот се „закачува“ за EV

Ford F -150 Tremor co V8 мотор

Mahindra претставува нова понуда на електрични возила

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio Verde by ErreErre Fuoriserie, спортска икона со 510 KS

Cadillac Celestiq concept

Нов електромотор што продуцира високи перформанси не само на кус рок