Dakar 2019 еден од тимовите на KAMZ дисквалификуван поради газење гледачи!

Андреј Каргинов возачот на Kamazи неговата посада се дисквалификувани од 41 издание на Dakar, откако прегазиле неколку гледачи кои го следеле ова рели од непосредна близина

Дисквалификацијата на Андрек Каргинов (Andrey Karginov) од Dakar 2019 е резултат на инцидентот со гледач.

Имено еден гледач од Јужна Африка стар 60 години заедно со уште петмина стоел вон зоната обележана за публиката.

На него налетал Каргинови со задното тркало минал преку неговата лева нога. Гледачот се здобил со кршеница на бутната коска на левата нога и итно е префрлен во болницата во Арекуип (Arequipi).

Како што потоа соопштија организаторите, Каргинов и неговата екипа се дисквалификувани од натпреварувањето поради тоа што не запреле и не му укажале помош на повредениот гледач, или барем што не застанале за да ја утврдат неговата состојба.

Според снимката што може да ја видите, одговорноста за самиот инцидент дефинитивно паѓа врз неодговорните и невнимателните гледачи, кои се нашле на патеката на натпреварувачите.

Како што изјавил и шефот на тимот на Kamaz Владимир Чагин (Vladimir Chagin), инаку и самиот седум кратен победник на Dakar, публиката често ја има на небезбедните места, распослана во мали групи.

Како штоп објаснил Чагин, Каргинов дознал дека го закачил гледачот дури откако стасал на целта во Арекуип (Arequip).

На местото на инцидентот не ни можел да ја види публиката бидејќи те стоеле на место веднаш по острото искачување, каде што возачот практично може да го види само небото и врвот на околните планини.

Поради тоа Чагин смета дека дисквалификацијата е премногу остра мерка, но дека Kamaz ја прифаќа и продолжува со три екипи.

Дисквалификуваниот карагинов е победник на Dakar 2014. А годинава остварил и две етапни победи и бил на третото место во генералниот пласман .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!

Совети: Сe може да се случи во дел од секундата – „ Аиритон Сена “

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!