Dakar Rally 2020 ја зема првата жртва- загина Португалецот Пауло Гонкалвес

За жал ова 42 издание на најтешкото рели на светот нема да помине без човечки жртви бидејќи по падот на седмата етапа, почина Португалскиот ветеран мотоциклист Пауло Гонкавлес, да се надеваме дека повеќе нема да има трагични несречи до крајот на најтешкото рели натпрварување …

Ветеранот на of road натпреварите мотоциклистот од Португалија, со 13 настапи на релито Dakar, Пауло Гонкалвес (Paulo Goncalves), почина денес од последиците и повредите здобиени од падот на 276-от километар на седмиот брзински испит.

Португалецот  се наоѓал на 46-та позиција во генералниот пласман, до тој трагичен инцидент, Годинава тој возел за тимот на Hero, производител на мотоцикли од Индија.

Организаторите во 10:08 часот добиле информација за несреќата, на местото каде Португалецот паднал е испратен хеликоптер што на лице место стасал во   10:16 часот и го пронашол мотоциклистот во безсознание и без пулс.

По укажаната помош на местото на несреќата, Гонкалвес  итно бил префрлен во болницата во Лајла (Laylа), но било предоцна, тимот на лекари можел само д ја констатира смртта..

Пауло Гонкалвес почина на 40 годишна возраст на легендарното Dakar Rallyцдебитирал уште во 2006 година и четири пати успеал да се пласира во врвот, односно помеѓу 10 те најдобри. А најдобриот пласман го остварил во 2015 година, кога во генералниот пласман бил втор, зад Марко Кома (Marcо Comа).

Во сезоната 2013-та, бил светски шампион во cross-country релито.

 

Инаку Гонкaлвес е прва жртва а  Dakar релито од 2015 година кога загинал Михал Херни (Michal Hernik).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020