Деветтата етапа и деветтата специјалност ја одбележаа Де Вилие, Латеган и Ал Атија, натпреварувачи со Toyota Hilux“, а тоа е голем успех на тимот на GR Gazoo…
Насер Ал Атија (Nasser Al -Attiyah) е секако лидер на чело на караванот во автомобилската класа, а сега на сите им е јасно дека големиот рели мајстор ќе забележи нов триумф на релито. Сега има предност од 39 минути пред Себастијам Леб (Sebastien Loeb) кој како да има „клетва“ да не победи на овој најтежок рели маратон во светот…
Во класата на мотоциклисти совршената борба продолжи. Денеска на специјалното победи Флоримо (Florimo), а на чело на генералот се искачи Вокнер (Walkner), додека Сандерленд (Sanderlend) заостанува 2,12 минути, а Ван Беверан (Van Beveren) 3,56 минути.
Габор Сагмајстер лесно и безбедно помина километри и се приближи до целта.
Како што веќе спомнавме, во сите други класи се познати победниците, доколку не се случи нешто навистина непредвидено.
Ако подобро ги погледнете пласманите во категориите, ќе видите дека најбрза кај жените е познатата Шпанка Лаја Санц (Laia Sainz), која вози одлично во „Mini“ со Маурицио Герини (Maurizio Gerini). Се наоѓа на 23-то место меѓу возачите, а потоа следат многу познати мажи, како што се Нани Рома (Nani Roma) на 53-то место и Стефан Петерхансел ( Stephane Peterhansel) на 54-то место.
Популарните браќа „Тим (Tim) и Том (Tom) Коронел (Coronel) вчера се откажаа од релито.
Кога повторно ќе ги споменеме дамите, фер е да се каже дека во класата на мотоциклисти Холанѓанката Миријам Пол (Mirjam Pol) е на многу добро 50-то место, а Шпанките Сандра Гомез (Sandra Gomez) и Сара Гарсија (Sara Garcia) на 68. односно 79. позиција.
Во класата light proto Class на 6. место е убавата Шпанка Кристина Гутиерез Хереро (Cristina Gutierrez Herrero), на 9. позиција е познатата Италијанка Камелија Липароти (Camelia Liparoti), а на 21. е двојката: Германката Анет Фишер (Annett Fischer) и Швеѓанката Ани Сел (Annie Seel).
Како и да е возбудувањата продолжуваат и иако велиме дека победниците во некои класи се веќе „познати“, сепак ова е Dakar Rally а тој секогаш има по некое големо изненадфување и голем пресврт, па можеби такво нешто и не очекува и во годинешното 44 издание на трката со најголеми предизвици во светот.