Дакар Рели 2023 низата етапни победи на Леб продолжува

Рели Дакар 2023 – 13-та етапа од 675 километри му припадна на Себастијан Леб, деветкратниот светски шампион во WRC ја продолжува серијата на победи..

Со завршената 13-та етапа, релито Дакар 2023 стигна до големото финале на годинешното  издание. Само уште една етапа ги дели натпреварувачите и тимовите од крајот на пустинскиот маратон. И дали Себастиен Леб (Sebastien Loeb ) и неговиот тим BRX ќе имаат за што да размислуваат и да жалат до следната година.

Да одреди поинаква стратегија на почетокот на релито и да се грижеше повеќе за гумите, Леб сега ќе беше лидер кој ќе го бркаат, а не ловец кој е во потера по лидерот. И шестата последователна етапа од 675 километри заврши со победа на Лоеб и неговиот совозач Фабијан Луркин (Fabian Lurquin) во Prodrive Hunter, со пристојно водство од 5′:28“ пред Насер Ал-Атијах (Nasser Al-Attiyah) во Toyota GR Hilux. Фабричкиот возач на Audi, Матијас Екстром ( Mattias Ekstrom), ја помина целта трет во RS Q e-tron. На големо жалење на Леб, неговата разлика до Ал-Атијах е преголема, цели 1ч 21′:42 и не може да се врати доколку бранителот на титулата не доживее голем дефект, односно би имал лоша среќа што би го спречила на патеката.

Истото важи и за дебитантот на Дакар, Лукас Мораес (Lucas Moraes) од Бразил, кој е релативно сигурен на третото место со оглед на тоа што четвртопласираниот фабрички возач на Тоyotа е 55 минути зад него.

Повторно беше огнено за мотоциклистите. Победник на 13-та етапа на релито Дакар 2023 е Аргентинецот Кевин Бенавидес (Kevin Benavides), фабрички возач на КТМ, кој го остави Јужноафриканецот Мајкл Дочерти (Michael Docherty) на Husqvarnа само 27 секунди зад него, додека Лучијано Бенавидес (Luciano Benavides), фабрички возач на Husqvarnа, ја мина целта на третото место со Заостанати 57 секунди. Тоби Прајс (Toby Price) ја мина целната линија на неговата фабрика КТМ по петто време, 2′:28” зад победникот, но го задржа своето водство во генералниот пласман, кое е само 12 секунди пред Кевин Бенавидес и 1′:31” пред Скајлер Хаус (Skylera Howes).

Четвртопласираниот Адриен ван Беверн (Adrien van Bevern )заостанува повеќе од 15 минути, па последната етапа ќе биде се или ништо за Прајс, Бенавидес и Хоус.

 

Во категоријата најтешки камиони, победник на 13-та, претпоследна етапа беше Мартин Мацик (Martin Macik) за тимот MM Technology. Јанус ван Кастрен (Janus van Kastren) во Iveco заврши на второто место со заостанување од 3′:25“, а трет заврши Јарослав Валтр во Tatra, 10′:312 зад етапниот победник. Во генералниот пласман, Јанус ван Кастрен треба само да се чува од проблеми и ќе биде победник на Дакар 2023 година, со оглед на тоа што има предност од 1 ч 16′:42” пред Мацик.

Последната 14-та етапа на релито Дакар 2023 година ќе се вози во недела и ќе биде долга 417 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cadillac V-LMDh

Ferrari SF-23 нелегален!?

McLaren претстави „специјален автомобил“ – MCL60

Formula 1- претставен Ferrari SF-23

Возачите на Формула 1 не ќе смеат а даваат политички изјави

Cadillac сака во Formula1

Шпанија ќе добие уште една Moto GP трка!?

Alfa Romeo F1 Team Stake го претстави болидот C43 за претстојната F1 сезона

Подновени Renault Clio и Captur нов SUV и мал електричен автомобил